Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите

Софија Куновска му се враќа на театарот: Горан е нашиот Шекспир, нашиот Чехов, нашиот Сократ

Софија Куновска по голема пауза се враќа на театарската сцена. В четврток, на 31 март во Драмски театар Скопје во 20 часот беше премиерата на претставата „My name is Goran Stefanovski“. Куновска е една од ретките актери која глумела во пет претстави чии текстови ги напишал Горан Стефановски. Ја почна кариерата во „Тетовирани души“, каде што го толкуваше ликот на Девојката. Тоа беше нејзината прва улога во театар и како што вели во интервју за „Република“ Горан ѝ ги ставил првите крилја на грбот за да полета на сцена.

Потоа следеа театарските улоги Марта (Кула вавилонска, 1990); Руса/Марина (Чернодрински се враќа дома, 1992); Беба (Грев или шприцер, 1992); Стела (Животот е сон, 1993); Мелстиха (Жени во народното собрание, 1994); Хористка (Ојдипус Тиранос, 1997); Сара (Диво месо, 2000); Втората жена (Домот на Бернарда Алба, 2004); Елена (Лет во место, 2005); Благуна (Македонска крвава свадба, 2012).

Куновска беше дел и од многу успешниот тв-проект на Горан Стефановски и Слободан Унковски „Бушавата азбука“ (1985), а во нејзинта селективна филмографија се запишани и: Заминување од Пасквелија (1992); Збогум на 20тиот век (1998); Одмазда (2001); Волци (2002); Едно од лицата на смртта (2003); Огледало (2004); Средба (2005), Скопје Ремиксед (2012).

Горан Стефановски е нашето театарско семејство. Горан е нашиот Шекспир, нашиот Чехов, нашиот Сократ, вели Куновска.

Претставата „My Name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) е во режија на Бранислав Миќуновиќ. Таа е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.

Горан Стефановски е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и автор е на сценарија за ТВ-серии, ТВ-филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната стварност во Македонија. Тој беше роден на 27 април 1952 година, а почина во ноември 2018 година.

Куновска: Овој проект е мотивирачки за сите заедно, имајќи предвид дека Горан е секогаш вистински погодок кога е во прашање избор на драмско дело
Драмски театар ја најавува премиерата на претставата „My name is Goran Stefanovski“. Може ли да ни кажете која улога ја толкувате и нешто повеќе за ликот кој го играте?

КУНОВСКА: Проектот „My name is Goran Stefanovski” е компилација од фрагменти од повеќe драми на Стефановски, напишани меѓу 1987 и 2012 година. Делата се рефлексија на најтурбулентниот период во Македонија, но и во регионот. Сите актери во претставата играат повеќе улоги. Ваквата задача, како и вкупниот режисерски потфат го прават ангажманот специфичен. Централна тема на крајот на минатиот милениум е отуѓеноста, во секоја смисла, емоционална, национална, професионална, политичка, социјална и секоја друга. Вака составеното дело е обид за превреднување или преиспитување на сите вредности.

Ова е голем проект на Драмски. Како Вие ја доживеавте претставата? Какви се вашите чувства пред премиерата?

КУНОВСКА: По подолг период, со оглед на пандемијата која сериозно ги поремети и нашите планови и нашите услови за работа, се обидуваме да се вратиме на стариот режим на работа. Сега треба одново ‘да се подигне температурата’ во театарот. Кога мислам на температура не мислам само на нашата како уметници, туку и онаа, на публиката која повторно треба да се врати во театрите.
Овој проект е мотивирачки за сите заедно, имајќи предвид дека Горан е секогаш вистински погодок кога е во прашање избор на драмско дело. Горан е нашето театарско семејство. Неговото физичко отсуство уште посилно го нагласува неговото духовно присуство во секоја пора на Драмски. Беше со нас и на читачките проби, се појавуваше по ходниците зад сцена, седеше и на по некоја проба во публика, тука е и на нашите разговори додека бараме решенија за сцените. Сите учесници во создавањето на оваа претстава имаат огромна љубов и почит кон Стефановски и неговото творештво, влегоа со голема посветеност, што е главниот предуслов за успех. Што би рекол нашиот режисер Миќуновиќ, „само со ангелите“.

Работевте со повеќе режисери текстови на Горан Стефановски и тоа токму на сцената на Драмски, од „Тетовирани души“ со Маџели, „Кула Вавилноска“ и „Чернодрински се враќа дома“ со Унковски, „Диво месо“ со Ацо Поповски, „Лет во место“ со Ѓорѓиевски. Како го доживеавте Миќуновиќ? Каква беше соработката?

КУНОВСКА: Прекрасен процес. Миќуновиќ е режисер кој доста храбро влезе со резолутна одлука да даде спопствен режисерски печат на Стефановски, кој е различен од сè што досега сум видела како поставка не само во Македонија, туку и на сцени на театри во регионот. Тој ѝ дава на оваа претстава додадена вредност во смисол на тоа дека не само што на еден величествен начин се поклонува и оддава почит кон делата на Стефановски, туку го соочува гледачот со напластените вистини за нашето живеење со намера да предизвика болно отрезнување. Оваа претстава е апел на Миќуновиќ да се свртиме кон себе и да ја превземеме одговорноста за состојбите во кои сме западнале. Сите дијагнози, прашања и одговори кои ни се потребни, и како единки и како општество се запишани во делата на Стефановски. Треба да се прочитаат или да се препрочитуваат и треба да ги освестиме во своите глави.

Куновска: Сите дијагнози, прашања и одговори кои ни се потребни, и како единки и како општество се запишани во делата на Стефановски
Дали само текст за и од Горан Стефановски може да ве врати на сцената? Публиката одамна не ја гледала Софија Куновска во Драмски верувам дека сега со нетрпение ја очекува премиерата.

КУНОВСКА: Не е прашање на избор колку ние актерите работиме. Сè повеќе е прашање на можности. Театарската продукција е доста мала, театарските куќи се запуштени, раководителите мака мачат да состават крај со крај. Нивото на професионализам сериозно трпи. Но, не се проблемите само во театарот. Воопшто не постои играна програма на телевизија, филмски проекти има малку.
Влијателните кругови покажуваат ниска свест за значењето на културата, консументите, безмалку отсуство за културни потреби.

Големо е наследството што го остави Горан Стефановски. Дали доволно може да му се одолжиме? Како, на кој начин?

КУНОВСКА: Нема позначајна почит од тоа тој да биде постојано со нас и покрај нас. Репликите на Горан се нашите ‘to be or not to be’ реплики. Новите генерации треба да го запознаваат, наставниците треба да им го предаваат на своите ученици восхитот од Стефановски и значењето на Стефановски. Неговите дела треба да се препрочитуваат, да се поставуваат на сцените на театрите, да се филмуваат. Неговата промисленост и мудрост да се искористуваат, да се имаат постојано на ум и на тие вредности и темели да се гради иднината.

Горан е најзначајниот македонски драматург, неговите реплики од драмите се легендарни и актуелни и денес. Игравте во неговите драми, соработувавте со него, сигурно имате многу спомени и анегдоти. Може ли нешто да споделите?

КУНОВСКА: Родена сум и растев една уличка подолу, во исто маало каде што беше домот на Горан и Влатко Стефановски. Ги поздравував и неговите родители додека играв школица на улицата по која тие минуваа. Моја прва театарска претстава беше „Тетовирани души“. Горан ми ги стави првите крилја на грбот за да полетам на сцена, во мојата прва улога во театар. И тука беше постојано. Помини, замини тука беше. Ние го поминавме животот во иста орбита.
Импресивно беше колку тој навидум изгледаше дека е незаинтересиран за дневните збиднувања и тривијалните појави, а од друга страна тоа беше материјалот, граѓата за неговите драми. На неверојатен начин впиваше импресии, емоции, од сè и од секого. Без да земе здив ги регистрираше сите сензации околу себе, манифестации на човековата глупост, но и мудроста кога ќе ја препознаеше, алчноста наспроти великодушноста, непромисленоста, површноста, погубноста, човековите заблуди, страстите, љубовта… за да потоа рециклирани, дестилирани, концентрирани скоро во заситени соединенија и совршено прочистени, повторно да ни ги врати како драги камења или како застрашувачка вистина што боли до коска. Тоа е чудо едно како совршено аптекарски ги мереше и ги дозираше зборовите и речениците пред да ги положи на хартија. Честопати и ги проверуваше репликите за пред да ја заврши драмата. Ми се случило неколкупати да ми постави непријатни прашања, сакајќи да провери како некој негов лик би се снашол кога би требал напрасно да одговори на така поставено прашање. И во една прилика се изнасмеа гласно на еден мој одговор и ми рече:
– Еве ова е драматургија. Во истиот момент ти го имаш најточниот одговор на прашањето. Дали знаеш колку ноќи ми се мене потребни за да го смислам најточниот одговор на ова прашање?
Тој збираше творечки нектар и од нашиот театарски бифеџија Крап и од фасцинантните пијанства на Петре во истото тоа бифе, од вестите што по интернет стасуваа до неговиот монитор во Кентербери, но и од песните на Блаже. Неверојатна беше таа негова страст да има љубопитство и увид во сè и за сè.
Ја чувствувам како бесценет дар од природата можноста да се живее во неговото време, особено неповторливата прилика да се дружиме и да работиме заедно. Неговите зборови да се почувствуваат непосредно, излезени од негова уста.

Кои се најголемите животни лекции што може да се научат од човек како Горан? Што е она што Вие никогаш нема да го заборавите?

КУНОВСКА: Тешко ми е да издвојам. Секоја му е златна.

Куновска: Претставата е оддолжување кон Горан Стефановски
Каква иднина може да и претскажете на претставата? Дали ќе се игра долго на сцената? Ќе гостува ли по Фестивали?

КУНОВСКА: Верувам дека таа ќе биде голем празник за театарот. Претставата е направена со чесен пристап. Таа е оддолжување кон Горан Стефановски и најмалку што може е да стави едно камче во мозаикот и да помогне тој да го добие своето заслужено место во македонската драматургија, театар и литература.
Ама ќе дојде ден кога ќе стане јасно дека и тоа е малку. Горан е нашиот Шекспир, нашиот Чехов, нашиот Сократ.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

loading...

go88 dang nhap GO88 - Link tải GO88 Club APK/ IOS cho Android mã code go88

không vào được sunwin sunwin live tại sunwin cho android