Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Сојуз на средношколци: Договор што побрзо да има, ќе се пробијат државните рокови за полагање за матурантите

Од непостигнувањето на договор меѓу владата и СОНК во врска со штрајкот во образованието, најмногу ќе страдаат средношколците. Од Сојузот на средношколци денеска побараа солидарност за учениците, особено за матурантите, бидејќи кај нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство.

„На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа е потребно итно решавање на проблемот“, велат од Сојузот на средношколците.

Тие додаваат дека една од нивните клучни заложби е борбата за поквалитетно образование.

„Токму затоа ние бевме единствената организација во државата, која заедно со претставништвото на УНИЦЕФ, се залагавме континуирано за враќање на учениците во клупите било тоа преку комбинирана настава или настава со физичко присуство“, се наведува во нивното соопштение, додавајќи дека 21 април ќе биде деветтиот работен ден од прекинувањето на наставниот процес и ова значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес.

„Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес“, велат од Сојузот на средношколците.

Средношколците велат дека тие се најголемата засегната страна во образованието, која ја трпи најголемата штета со тоа што е лишена од своето право на образование.

„Обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците“, упатувајќи го апелот до владата и до СОНК да постигнат договор.

Од Сојузот на средношколци велат дека изминативе две недели покажале дека образовните власти во многу мал број од училиштата организирале вонредно одржување на наставата, со цел продолжување на наставата непречено.

Тие велат дека нивна клучна заложба е зголемување на буџетот за образованието во земјава како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5 отсто од БДП за образование согласно со европскиот просек. Воедно, од Сојузот на средношколци бараат да бидат вклучени во наоѓањето решенија за надоместување на пропуштениот материјал за време на штрајкот.

loading...

tại go88 về oppo go88 mới Tải Go88 Club | Go88 Live APK, IOS, AnDroid 2022

hướng dẫn nạp tiền sunwin