УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Од 81-та седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства; Предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието; Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни

БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција

Сојузничка солидарност на дело – примена НАТО донација од 60 респиратори во вредност од 1,4 милиони евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна донацијата од 60 транспортни респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемијата чија вкупна вредност изнесува 1,4 милиони евра.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ, како и италијанскиот заменик – амбасадор Алесио Ликори, одбранбеното аташе полковник Џузепе Монталто и директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку.

Министерката Шекеринска истакна дека оваа дополнителна медицинска помош која ја најави Генералниот секретар на НАТО уште на почетокот на месецот значи и директна помош на нашата држава со опрема која што е важна во оваа здравствена криза.

„Се работи за средства во износ од над 1,4 милиони евра коишто се донирани од страна на УСАИД и се дел од НАТО залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија, а стигнаа овде со авион со италијанското воздухопловство којшто беше финансиран од страна на Луксембург. Тоа значи дека неколку земји членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да добиеме помош кога ни е најпотребна“, рече министерката Шекеринска. Додаде дека членството во најмоќниот воено политички сојуз значи дека тогаш кога ќе имаш најголеми проблеми, ќе имаш на кого да се потпреш.

Министерката порача дека токму денеска можевме да видиме зошто беше многу важно Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да видиме како овој воено политички сојуз, најмоќен на денешнината, значи солидарност, не само на збор, туку солидарност на дело.

Министерот за надворешни работи, Османи, се заблагодари за донацијата и посочи дека поддршката на НАТО има исклучително значење за нас како нова полноправна членка на најсилната Алијанса на светот.

„Коронавирусот е тука и е поопасен од било кога порано. Ова се тешки времиња кога помошта од нашите пријатели ни е повеќе од добредојдена – таа ни е неопходна. Искрена благодарност до земјите членки на НАТО, до Секретаријатот на НАТО, за оваа конкретна помош што ја примивме денес-донација која е одлично таргетирана, која е навремена, и како што реков – ни е неопходна за да ги засилиме нашите капацитети во борбата против КОВИД-19“, истакна Османи, додавајќи дека денешнава донација не е прва.

„Ние сме полноправна земја членка на НАТО и тоа се огледува во нашата вклученост во сите механизми и фондови за справување со пандемијата од вирусот КОВИД-19. Ова е втор пат како Република Северна Македонија добива помош преку Координативниот центар на НАТО за одговор на кризи“, истакна министерот Османи.

Министерот Филипче рече дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста. Тој рече дека сите земји помеѓу себе покажаа што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаење, но покажа и што е вистинската вредност на сојузите во коишто сме сега рамноправна членка.

„Дозволете да изразам голема благодарност до НАТО сојузот, посебно САД, кои од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза. Конкретно, станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантите од една болничка установа во друга – нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент“, информираше Филипче.

loading...

AnimeHeaven watch anime: Fairy Tail (https://animeheaven.pro/m/ZzO) Episode 175

ANIMEFLIX animeflix one punch man: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291