Почитувани,
Сојузот на здруженија на дијабетичари, како пациентска организација ниту пак како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе шест месеци новиот Министер за здрасвство да нема никаков ниту слух ниту начин на комуникација со нас, воедно над 3 месеци молчи на нашите барања, кои покрај архивата се и јавно објавени а немаме никаков одговор. Воедно сојузот постојано потестува за потребата од унапредување на животот на децата и млади до 18 години со дијабетес, како и за итно издигнување на едукацијата на врвот како најсигурен начин за превенција за дијабетес.
Со надеж дека ке потикнеме решение на тековни проблеми поврзани со дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари, јавно ќе се обрати до Владата за веднаш да пристапат кон решение проблемите!
Затоа СЗДСМ, Ве поканува на прес конференција на ден 28 јуни 2022 година (вторник) со почеток во 11.00 часот, пред Министeрство за здравство. На прес конференцијата ќе се обратат Претседателот на СЗДСМ Диме Велев и Претседателката на БАЛАНС МК – г-ѓа Наташа Деспотовска Димитриева.