Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

Сопругата на претседателот домаќин на настанот “Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“

На иницијатива на сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, а во соработка со професори при Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, вчеравечер во Кабинетот на претседателот се одржа настанот „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“.

Во своето обраќање до присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека соработката со Технолошко-металуршкиот факултет започна со отворањето на канцеларијата на претседателот МладиХаб во која беа изложени креации на млади студенти од овој факултет.

„Понатаму оваа поддршка продолжува и во тој контекст е и овој денешен настан „Три генерации мода“, да се вратиме на почетоците на дизајнот во Северна Македонија, она што се случувало во минатото, моменталната состојба, но ќе имаме можност да видиме и кои се перспективите на младите генерации“, истакна г-а Ѓоргиевска.

За работата со студентите по дизајн во изминатите осум години на настанот говореше професорката и дизајнер Лидија Георгиева, додека професорката во пензија и костимограф Зорка Тодорова –Младеновиќ ја претстави својата книга „Како да станам моден дизајнер“ и имаше своја презентација за модата во изминатите неколку децении.

Апсолвентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет, Љубица Беќарова и Катерина Димитровска на присутните гости им презентираа дел од своите креации во склоп на факултетот со коишто се претставија на модни настани и надвор од земјава, а го претставија и сè поактуелниот еколошки момент во дизајнот и грижата за животната средина преку своите креации од рециклиран материјал.

Целта на овој настан на којшто присуствуваа различни генерации на љубители и креатори на модата во нашата земја е да се промовираат младите дизајнери, да се даде поддршка на развивањето и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него и заштита на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија која има важен удел во развојот на економијата во земјава.

loading...

WCOStream wcostream harley quinn: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 14 (https://wcostream.cc/m/AARW/ep-14)

KissAnime tokyo ghoul kissanime: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 2