Сцена прва: ВМРО е на власт. Жена ти е шеф на протокол на Грујо, плата 1000 евра. Ти си директор на АГЕНЦИЈА ЗА ШИЈА МИ ГА ЏУРО, плата 1000 евра. Пљус членуваш во разни управни одбори, надзорни одбори, разни зделки лево десно, водиш емисии на тв, книгички печатирш ова она, ти реков ми рече, врти сучи, уште 1000е месечно… Не идеш на работа, јадеш по ресторани на државна сметка, те вози шофер, дома пун фрижидер, пари течат од сите страни, врски у цела држава никој ништо не ти може…Испеглан, дотеран, најаден, релакс, избричен, коса окречена, милина човек да те гледа.
Сцена друга, 5 години покасно: Вмро е во опозиција. Пари јок. Нема гага по ресторани, мораш да јадеш у биртии и тоа само посно, купуваш во Стокомак или КАМ, редица 100 метра, една каса сите врескаат кај е другата касиерка, секоја тегла ја меркаш колку кошта, сметаш на памет, држиш лист од дома што да се купи, цел ден ти вртат од ЕВН, од банка за кредитот, колата се расипала немаш пари за мајстор, дома машината за прање рокнала жената ти црка и ти плаче. Стрес невиден.Немаш живци ни да се бричиш ни да се шишаш ни да се кречиш. Идеш на тв како да си избеган од ќелија на ИСИС, изгледаш како што го најдоа Садам Хусеин во подрумот под земја.