Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО
Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО
Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор
Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор
КАСАМИ МУ ДАДЕ КОРПА НА МИЦКОВСКИ: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ!
КАСАМИ МУ ДАДЕ КОРПА НА МИЦКОВСКИ: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ!
(Фото) Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза
(Фото) Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза
СДСМ инвестира во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп
СДСМ инвестира во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп
ВМРО ДПМНЕ СЕ ФАЛИ ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИ, СДСМ ВЕЛИ ДЕКА ТОА СЕ НАРАЧАНИ АНКЕТИ СО ВЕШТАЧКИ БРОЈКИ
ВМРО ДПМНЕ СЕ ФАЛИ ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИ, СДСМ ВЕЛИ ДЕКА ТОА СЕ НАРАЧАНИ АНКЕТИ СО ВЕШТАЧКИ БРОЈКИ
Претрес во Куманово и Кичево, пронајдени кокаин, амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач
Претрес во Куманово и Кичево, пронајдени кокаин, амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач
Зеленски: Евровизија ќе се одржи во Мариупол!
Зеленски: Евровизија ќе се одржи во Мариупол!

Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина

Советот на Град Скопје вчера, 10.03.2022 годинана, ја одржа шестата седница на која се изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја.

На седницата Советот на Град Скопје го констатира престанокот на мандатот на досегашниот членот на Советот Мартин Попов, а го верификуваше и мандатот на Ајсељ Сејфула.

Советниците дискутираа и изгласаа повеќе точки од дневниот ред како Предлог- годишна сметка за Буџетот на Град Скопје за 2021 година, Извештајот за реализација на капиталните инвестиции во Град Скопје, како и Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје.

Дополнително, Советот донесе одлука за формирање на Градскиот штаб за заштита и спасување. Командант на штабот за заштита и спасување е градоначалничката Данела Арсовска, додека началник е Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски.

Советот на Град Скопје донесе и повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште. Станува збор за ослободување на Универзитетот Мајка Тереза за реконструкција со пренамена на јавен објект на универзитетот, на Општина Центар, во својство на инвеститор, за изградба на детска градинка во населба Пролет, како и ослободува Владата на РМ и Министерството за здравство како инвеститори во проектот за надградба на клиника за хематологија во Скопје, во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Советот на Град Скопје на седницата расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова, општина Кисела Вода. Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода.Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки, како и поставување на ново улично осветлување.
На вчерашната седница беше изгласана и Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, со која се дефинирани обемот, динамиката и начинот на одржувањето на јавната чистота, која подразбира организирано и континуирано чистење, поточно метење и миење на јавните сообраќајни површини, како и празнење на корпи за отпадоци кои се поставени по сообраќајниците.

Со почит,
Град Скопје

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime online 4Anime Attack on Titan Final Season

4Anime Ranking of Kings Episode 20

4Anime Dragon Ball Super Episode 126

Horimiya Episode 13

One Piece

tải go88