(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

СПАСОВ: НЕКА НЕ ВЕ ЛАЖЕ УМОТ, ОВАА ВЛАДА ЌЕ ОСТАНЕ ДО 2024-ТА!

Нека не ве лаже умот
На сите што шпекулират дека по локалните избори можат да се случат и брзи парламентарни или да дојде до промена на власта преку создавање на ново парламентарно мнозинство треба да им се порача: Нека не ве лаже умот!

Оваа влада има 4 годишен мандат и јасен план на реформи што треба да ги реализира.
Локалните избори се локални избори и ништо повеќе.

Владата на коалицијата предводена од СДСМ беше веројатно
целосно свесна дека некои од реформски процеси и слабости во првата година од мандатот можат да доведат до незадоволство кај граѓаните пред сегашните локални избори. И тој ризик требаше да се прифати.

Владата не смее да има намера да отстапи од својата политика на градење добрососедство , од своите обврски како членка на НАТО и од патот за членство во ЕУ.
Треба на сите да им биде јасно дека мандатот на оваа влада е до 2024 година и никој во владата не треба да помисли ниту на оставки ниту да прифати избори пред истекот на редовниот мандат.

Пред СДСМ и коалицините партнери е вториот изборен круг од локалните избори пред кој се очекува коалиционите партнери во владата да го демонстрираат своето заеднишво и солидарност.
Коалиционите партнери во владата мора да останат обединети и единствени во остварувањето на непходните и болни реформи за искоренување на криминалот и европеизација на нашата земја.

Локалните избори се прилика и за опозицијата во општините кај што ќе ја имаат власта да покаже дали освен критики на сметка на власта знае и да направи нешто добро за граѓаните во следните три години и до следните парламентарни избори..
Во нејзините напори треба да ја има секогаш подршката од централната власт.

И да не заборавиме.
Во 2013 година СДСМ ја освои локалната власт само во Струмица, Центар Куманово и Ранковце. Само по 3 години во декември 2016 година СДСМ формираше влада а во 2017 победи во 54 општини и во градот Скопје.

Затоа опозицијата не нека не се радува прерано.
СДСМ и коалицините партнери остануваат на власт следните три години покрај сите блокади, бојкоти и притисоци што може да ги смисли опозицијата.

loading...