Со цел усогласување на нашето законодавство со регулативата на ЕУ, во 2018 година влезе во сила новиот Закон за меѓународна и привремена заштита – во голем дел е усогласен со Директивите на Европскиот Совет и Парламент, а потоа и поголем број под-законски акти. Земјата е договорна страна на сите клучни меѓународни инструменти на УНХЦР. Во однос на Глобалниот Пакт за бегалци и Глобалниот договор за миграција, дадовме силна поддршка и изнесовме неколку заложби – притоа остануваме посветени за нивно натамошно имплементирање и унапредување.
Фокусот во изминатиов период не беше само во функција на намалување на заканите по граничната безбедност, туку и во функција на намалување на ризикот по животот и здравјето, преку обезбедено строго почитување на мерките за заштита од COVID-19 во прифатните центри.
Остануваме посветени на добрата координација и соработка, размената на информации и споделената одговорност меѓу различните чинители, кои можат многу да придонесат во решавањето на актуелните глобални предизвици.