БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас и потсетете се

Кога се говори за лична одговорност, јас можам лична одговорност да имам во тој момент ако се случуваат криминални активности, а јас не покренувам постапка. Па ако имате фалсификување на пасоши и лични карти – а да не повикате на одговорност за таа работа, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во својата реплика пред пратениците на собраниската седница за интерпелација за неговата раборта.

– Ние имаме уапсени луѓе и поднесени кривични пријави! Можам да одговарам доколку ги гледаме, а не ги апсиме оние коишто шверцуваат дрога, оружје, мигранти итн. Можам да одговарам, исто така, ако не ги користам парите на даночните обврзници, така како што вие сте пропишале во Буџетот, како Собрание, а не ги подобруваме условите за работа и сл. Значи, ако треба да се одговара, треба да се понесе одговорност во моменти кога навистина од некаков намерен, па дури и ненамерен пропуст вие тоа го правите. Меѓутоа, сметам дека никако не може да се сноси одговорност ако за нешто преземате мерки! И, впрочем, она што го споменувате, и за Специјалното јавно обвинителство и сите овие кривични пријави, сѐ она што се случува и сѐ она за кое што сме се бореле, е сработено од истражители од МВР. Сите овие истраги до една кои што се направени, кога ретко кој можеше во тој момент да се прикаже дека е член на опозицијата, јас со мојот тим бевме во Министерството за внатрешни работи, тони и тони хартија предадовме во Обвинителство за тие многубројни предмети коишто ги водеше СЈО. Тоа време на неказнивост, па макар и на полициски службеници – помина! Тоа време е поминато, а еве само неколку факти – истакна Спасовски.

Тој покажаи фотографии од собраниската говорница, нагласувајќи дека на нив е човекот кој како вработен во МВР на снимка се гледал како шмрка кокаин, а седел со претседателот на ВМРО во Прилеп.

– Тоа е истиот оној со којшто заедно ја поднесовте интерпелацијата….или седи заедно со бившиот градоначалник на Прилеп. Е тоа е неказнивост! И непринципиелност! Да се гласа, да се поднесува интерпелација заедно со оние луѓе коишто ја направија оваа слика во Собранието на 27 април?! Кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас, и тогаш можеме да зборуваме за принципиелност во однос на настаните – порача Спасовски.

loading...

AnimeHeaven anime in heaven: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 12

ANIMEFLIX animeflix hello world: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 35