Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Спасовски: Добар дел од тие фалсификувани пасоши биле направени кога Чулев беше министер

Оливер Спасовски на „Само Вистина“ на Канал 5, коментираше за аферата со лажни пасоши. Тој рече дека ваква активност почнала претходната власт со издавање на фалсификувани документи кои биле користени и за избори.

„Ваква активност почна режимот, кои се користеа за избори, и се водат постапки. Потсетивме дека еден од најзначајните примери се Горан Грујевски и Никола Бошковски. Да не говориме за повеќе луѓе кои беа во УБК, да не зборувам за 36 илјади лични карти кои беа пронајдени во МВР. Процесот на истрагата ќе покаже како и на тој начин се правеле.

Првичната истрага покажува дека тие кои добивале пасоши, не биле присутни тука, не доаѓале, тоа го одработувале лицата од МВР, во организација со лица и надвор од министерството. Имаме лица кои се вмешани, а не се во државни институции. Ќе бидат детално анализирани, се обезбедуваат дополнителни докази.

Важно е дека институциите реагираа веднаш, спроведена е истрага, ги имаме сторителите, и таа ќе се проширува“, рече Спасовски и додаде дека добар дел од пасоши биле изработени и во времето кога Чулев бил министер.

„Еден добар дел на пасоши се направени и кога Чулев беше министер, меѓутоа тогаш траеше истрагата“, рече Спасовски./ТВ21

loading...