Задоволство ми е што денеска ги промовираме петте пловни објекти што ги набавивме за македонската полиција, со што значително ги зајакнуваме капацитетите за заштита на границите, особено овде на Охридското езеро. Ова е набавка што се прави за прв пат по повеќе од 20 години, а е уште еден пример за нашата посветеност комплетно да ја опремиме македонската полиција и да обезбедиме максимални услови за работа на полициските службеници, што пак носи подобри резултати односно ја зголемува безбедноста на граѓаните.
Два пловни објекта со цврсто корито се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР со вредност од 8.055.511 денари, а согласно склучениот Договор за донација помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Чешка набавени се два пловни објекти со цврсто корито и еден гумен патролен чамец со вредност од 8.144.074 денари.
Ова е само дел од она што го правиме за да овозможиме што подобри услови за работа на полициските службеници.
