СПАСОВСКИ: Полно ми е срцето и душата што сме заедно во Средорек, каде што СДСМ никогаш не губел, така и овие избори ја праќаме заедно пораката – во Куманово СДСМ победува!

Сплотени сме, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Бошњаци, Власи, Египќани, нашето Куманово е Македонија во мало, први ја поддржавме независна Македонија, први се спротивставивме на режимот и го победивме, режим кој најмногу сакаше да ги понижува Ромите.

Но, Ромите се храбри и ако тие одлучат да застанат против некој, тој некој нема да успее, а исто знам дека ако Ромите се заедно со нас, тогаш и успехот е тука!
Имаме најдобра понуда, кадри кои се борат за Едно општество за сите и не ги делат граѓаните по ниту една основа. Ја имаме најдобрата советничка листа предводена од Атина Мургашанска и најдобриот кандидат за Градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, вреден, чесен и одговорен човек.

На Куманово не му требаат глумци да глумат, му требаат работници како Илиевски да работат!

ВМРО-ДПМНЕ 12 години власт за Куманово не дадода 1 денар, не асфалтираа ни 1 км пат, ни една спортска сала, не изградија ни една градинка или училиште.

Да се извиниме на граѓаните затоа што имавме и неспособен градоначалник и да се обединиме да ги продолжиме успесите на Владата, со многу нови проекти до преродба на Куманово!
Да живее Куманово, да живее СДСМ!