Последната голема набавка на возила е направена во 2008 година, многу од возилата во МВР се со лоши перформанси, се трошат финансии за поправка, а притоа се намалува и ефикасноста на работењето на полицијата.
Сакам да потенцирам дека ова се возила неопходни за секојдневната оперативна работа на полициските служби, а не возила за министри, заменици министри, директори или други функционери. Сите постапки се водат така како што е предвидено, а сѐ со цел да обезбедиме тоа што е потребно за ефикасно работење на полицијата.