За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Претседателот Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски
Претседателот Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски

СПАСОВСКИ: Реформи во полицијата, правосудството, администрацијата за подобри услуги за граѓаните

Во рамки на Форумот 100 дена од мандатот на новата Влада, со фокус на суштинските реформи во сферата на владеењето на правото, борбата со корупцијата и обезбедување сигурност за граѓаните, на прашања од интерес на јавноста, одговараа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда, Никола Тупанчески, како и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

„Во однос на трговијата со дрога сакам да напоменам дека во овој период од 100 дена имаме разбиено осум криминални групи од 33 лица, пред се за меѓународни транспорти на марихуана и на прекурсори, работевме и на спречувањето на уличните дилерства на наркотици и во овој период од 100 дена се запленети седум килограми хероин од вкупна вредност од околу 300.000 евра, 1,2 тона на психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност проценета околу 200 милиони евра, над 2,2 тона марихуана со вредност од над пет милиони евра. Исто така и во делот на уличното дилерство во овие 100 дена имаме извршено претрес на некаде околу 40 локации, притоа е запленета поголема количина на хероин, амфетамин, марихуана и други прекурсори и пронајдена една импровизирана лабораторија за производство на марихуана на подрачјето на ОВР Гевгелија. Ова е еден дел од стратешката поставеност на Министерството во изминатиот период “, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека благодарение на одличните резултати државата се позиционираше како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

Одговарајќи на поставеното прашање за подобрување на ефикасноста на полицијата, Спасовски посочи дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано се вложуваше во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници и во овие 100 дена беа промовирани четири реконструирани објекти, со што вкупната бројка е 73, со имплементирани мерки на енергетска ефикасност.

Минатата година, подвлече Спасовски, беше година кога ја завршивме согласно принципите на Владата и веќе во МВР никаде не се користат цврстите горива или мазутот заради заштита на животна средина преминавме на еколошки системи за греење на работните простории, целосна набавка на работната униформа.

„Најзначајно во овие 100 дена ги изменивме двата Закони, Законот за полиција согласно препораките од ГРЕКО, воспоставивме принципи пред сè на јакнење на интегритетот на полициските службеници“, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски.

Во однос на функционирањето на ефикасноста на системот за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно финансиски средства и обезбедувањето законски решенија за подобрување на условите и независноста, самостојноста и интегритетот на правосудството, министерот за правда Никола Тупанчески ја истакна посветеноста и грижата на владиниот состав за ранливите категории граѓани и успешното функционирање на системот.

„Афирмирајќи ја современата европска вредност дека сите треба да имаат еднаков пристап до правдата, артикулирана преку донесувањето на Законот за бесплатна правна помош, статистичките податоци покажуваат дека 3.266 граѓани добиле примарна правна помош во 2021 година, а 203 лица секундарна правна помош.

(Сторијата продолжува по рекламите)

„За 53,7% е зголемен бројот на барања за секундарна правна помош во 2021 година во споредба со 2020 година, а примарната правна помош е зголемена за 20% “, рече Тупанчески, оценувајќи ги придобивките за граѓаните како големи и успешни, бидејќи голем број од тие на кои им било потребно успеале да добијат пристап до правдата.

Оваа сесија прашања до членовите на владиниот состав, по однос на остварувањата за 100 дена мандат на новата Влада ја заврши заменик-министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Александар Бајдевски одговарајќи на покажаниот интерес од медиумите за остварувањата на Владата во однос на професионализацијата на администрацијата и дигитализацијата поставени како високи приоритети уште на почетокот на мандатот.

„Предложениот модел за реформа на администрацијата се заснова на начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Овие принципи се основа за градење професионална и политички неутрална администрација, каде политичките цели се исполнуваат преку активности на вработените во јавниот сектор под раководство на високите раководители, со што се овозможува ефикасност и рационална употреба на ресурсите во остварувањето на поставените стратешки цели и приоритети на Владата и другите релевантни институции од јавниот сектор“, истакна заменик-министерот Бајдевски, кој додаде дека во изминатиот период активно се работи на законите којшто ја регулираат сферата на работењето на јавната администрација, како Законот на административни службеници, Законот за вработени во јавен сектор и Законот за високо раководна служба.

Заедно со сите засегнати чинители се работи на воспоставување на целосно нов систем, кој ќе се имплементира постепено, со можност во иднина новиот модел да биде имплементиран во целиот јавен сектор, за подобрување на ефикасноста, ефективноста и продуктивноста на вработените.

Во однос на Предлог-законот за високо раководна служба, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Бајдевски истакна дека е особено значаен во однос на професионализација и департизација на високите раководители во јавната администрација.

„Дигитализација на услугите, останува една од повисоките приоритети на МИОА и на целата Влада, чија цел е целосно отстранување на шалтерското работење. Се воспоставија неколку системи, меѓу кои системот за електронски услуги и системот за Централен регистар на населението, преку кои се развива и се овозможува користење на услугите на граѓаните. Сметаме дека треба да се следат современите трендови кога е во прашање дигитализацијата на услугите преку усогласување со стандарди кои директно влијаат врз квалитетот и безбедноста на даваните услуги“, посочи Бајдевски, кој информираше дека досега преку Националниот портал „Е-услуги’“ се реализирани вкупно 20.859 услуги, со над 70.000 регистрирани корисници.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime My Hero Academia Episode 4

gogoanime pro Dragon Ball Super

anime online GoGoAnime DARLING in the FRANXX (Dub)

anime stream Bleach (Dub)

GoGoAnime Attack on Titan (Dub) Episode 22

tải go88