Со мојот бугарски колега Рашков договоривме заедничка координација на тимот на МВР кој утринава отиде во Бугарија, а се состои од претставници на униформираната и сообраќајната полиција, како и од Одделот за криминалистичко-технички испитувања со нивните бугарските колеги.
Покрај претставници на МВР, во Бугарија се и претставници на неколку стручни служби од нашата држава кои ја понудија експертската помош, како и на нашето обвинителство кои на колегите од бугарското јавно обвинителство ќе им ја обезбедат и предадат целокупната потребна документација.
Во доменот на податоците со кои располага МВР последната извршена проверка за техничка исправност на автобусот е направена на 5 октомври оваа година.
Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и уверен сум дека со заедничка соработка со Бугарија многу брзо ќе имаме одговор на сите прашања во врска со оваа голема трагедија.