Денеска се обратив на состанок на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат во Охрид, на којшто истакнав дека меѓу првите зацртани цели што ги дефиниравме уште на почетокот на мандатот на актуелното раководство на МВР беше целосната, безрезервна поддршка на синдикалното делување, преку конкретно интензивирање на за нас неопходната социјална соработка и партнерство со репрезентативниот синдикат, отворање нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија, со цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција.
Сето тоа ефектуираше со динамична соработка која беше заокружена со потпишувањето на новиот Колективен договор, со чии што измени е направен значаен исчекор со позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во МВР:
▶️Награда за добиено новороденче;
▶️Исплатата во износ од 20% средства наменети за храна за колегите кои работат ноќе;
▶️Исплата во износ од 5% на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција;
▶️Награда за ментори за успешно спроведена менторска програма;
▶️Јубилејна награда во износ од половина од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР;
Продолжуваме посветени на начелата на отвореност, комуникација и соработка како базични за натамошно унапредување не само на професионалните и синдикални стандарди, туку и на севкупното функционирање на министерството како сервис на грѓаните.