Граѓаните, а особено вие во Општина Арачиново ја гледате разликата, ја чувствувате разликата.
Изградивме канализациски систем долг 10 километри, кој ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино. Арачиново немаше ни градинка, сега за прв пат добива градинка, го реновиравме старото училиште, објектот на општината. Изграден е локалниот пат кон Грушино.
Следуваат нови капитални инвестиции низ целата држава – и во Арачиново, затоа што тие се моторот на економијата, моторот на развојот и услов за подобар живот на граѓаните.
Во наредниот период започнуваме изградба на пречистителна фекална станица во Арачиново, градиме водоводна мрежа за сите жители на населените места во општината, изградба на две нови основни училишта.
Дивата депонија ќе ја претвориме во парк и ќе ги решиме отворените канали што поминуваат низ Арачиново.
Ќе победиме за Најдоброто.
Арачиново го заслужува Најдоброто.