Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

СПАСУВАЛ КРИМИНАЛЦИ ОД ЕРМЕНИЈА: Кој е контроверзниот македонски дипломат кој е уапсен во Србија?

Македонското Министерство за надворешни работи вечерва потвди дека дипломат е приведен во Србија на 27 август годинава.

За апсењето, МНР е официјално известено од српското Министерство преку Амбасадата на Македонија во Белград.

Според известувањето, „надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, потврди МНР и од таму додаваат дека, согласно законските надлежности Министерството го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Коха, повикувајќи се на неофицијални извор јавува дека станува збор за заменик-шефот на македонската мисија на ОБСЕ во Виена, 53-годишниот дипломат Миле Миленкоски. Порталот пишува дека тој бил баран со меѓународна потерница издадена од австриската полиција „за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија“.

„Миле Миленкоски е осомничен дека пред три години организирал патување во Ереван, Ерменија, заедно со уште двајца македонски дипломати (нивниот идентитет познат за редакцијата), за евакуација на висока ерменска личност, осомничен во неговата земја за злоупотреба на милиони евра. Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека истата е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Имено, уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (С.С.) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрираа невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на една конференција на оваа тема“, објави Коха.

Весникот пишува дека „оваа нивна мисија во 2018 година била успешна и контроверзниот Ерменец, кој меѓу другото, се сомнева дека бил вмешан во перење пари и присвојување на многу државни имоти во неговата земја, со приватниот авион е доведен на сигурно место“.

Според нивните извори, иако оваа шпионска спасувачка операција е откриена тогаш, со брза дипломатска реакција и на безбедносните структури на земјите вклучени во овој случај, овој случај е замолчен, се до скоро кога повторно го активирале австриските власти.

„Врз основа на нивната потерница, минатата недела – Миле Миленкоски бил уапсен во Врање, Србија, придружуван од неговиот колега (В.С.), кој сега е пензиониран дипломат, но кој бил дел од операцијата во Ерменија во 2018 година“. Иако весникот пишува дека и двајцата се притворени од страна на српските власти, според соопштението на МНР, во притвор е само Миленкоски.

Инаку Миле Миленкоски е познат по своите контроверзни потези уште од почетокот на својата работа во македонската дипломатија. Имено, бил осомничен како вмешан во финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, од каде потоа бил префрлен во Чикаго во август 2011 година, каде според неговата биографија поминал 10 години и 2 месеци. Таму, тој физички се пресметал со генералниот конзул, и потоа е испратен во Вашингтон, по бидејќи постојано предизвикувал инциденти, на барање на поранешниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски е вратен во Скопје.

Во 2017 година, Миленкоски се приклучил на Македонската мисија на ОБСЕ во Виена, како заменик на тогашниот амбасадор, Кире Илиовски, но темпераментниот дипломат и со него физички се пресметувал, пишува Коха.

Скандалот со ерменскиот политичар за кој деновиве е уапсен во Србија, го извршил додека бил во Мисијата на ОБСЕ во Виена и непознато е како и покрај сите скандали и инциденти кои ги правел како македонски дипломат во САД и Европа, пред неколку месеци повторно е реизбран на конкурсот на МНР за заменик шеф на Мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена.

Неговото назначување наводно било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР и дека извесни високи безбедносни структури во земјава му дале поддршка повторно да се врати во дипломатијата и покрај тоа што биле запознаени со неговото скандалозно однесување и склоност кон злоупотреби на дипломатската функција.

loading...

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee: Mazinkaiser SKL (Dub) anime episode 3 online free at https://animebee.to anime to watch

High School DxD New (https://twistmoe.net/m/Vng) Episode 12

Dragon Warrior (https://wcostream.cc/m/z9q2) Episode 42

Folkd: https://www.folkd.com/user/animefreakws

Danluat thuvienphapluat: https://danluat.thuvienphapluat.vn/thanh-vien/animefreakws