Мактел денеска пишуваше за настан во Струмица во кој баџанакот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ со возило со бугарски таблици прегазил жена на пешачки во Струмица и и нанел тешки повреди, при што со разни ујдурми се обидел да се спаси од одговорност за настанот. Нови моменти за настанот е што цела ВМРО ДПМНЕ со сите свои подземни структури и свои кадри начукани во МВР и судскиот систем се обидуваат да го спасат баџото на Мицковски.
Дознаваме:
Откако ја чукнал жената и и нанел тешки телесни повреди а бидејки имало доста народ неминовно било да дојде полиција.
На лице место бил повикан и јавен обвинител.
Баџанакот поучен од партискиот обвинител Златко Иванов кој случајно бил дежурен и блиски полицајци како службени лица веднас на лице место понудиле спогодба со блиските на оштетената страна но залудно.
Денеска цел ден со адвокати биле во скопските клиники каде е сместена повредената жена и го обедувале сопругот да се откажат од тужба.
Дознаваме дека од повисоки чиновници во полицијата било сугерирано на полицајците да го состават записникот во корист на баџанакот.
Дознаваме исто така дека жената е прегазена на пешачки премин со нелегално внесено и нерегистрирано возило на бугарски табли кое истото согласно царинските закони ке биде одземено трајно.
Дознаваме и дека зената била многу повредена, со следниве повреди:
Скршени ребра
Скршена карлица
Пукнати синуси
Потрес на мозокот
Не е во животна опасност ама И претстои операција.
Инаку за вакви престапи законот предвидува сериозни казни:
Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот
Член 300
(1) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2, 298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 или некое лице е тешко телесно повредено или настапи имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.