АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e

СРБИЈА НИ ПОМОГНА КОГА БЕШЕ НАЈТЕШКО – ОКОЛУ 30.000 МАКЕДОНСКИ ОСИГУРЕНИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ВО СРБИЈА, АМА НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНО ОТИ СИСТЕМОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УШТЕ НЕ Е ГОТОВ

Се претпоставува бројката на вакцинирани може да е и до 30.000 оти само во еден викенд во март се вакцинирале 15.000 Македонци – Табановце (Фото: СДК.МК)

Сѐ уште не е готов и се работи на системот и начинот како во земјава ќе се евидентираат лицата кои во странство примија две дози од вакцината против ковид-19, велат администраторите на „Мој термин“ кои водат евиденција и на вакцинираните македонски здравствени осигуреници.

Македонските власти сѐ уште ги немаат добиено списоците од Србија кои граѓани се вакцинирани. Многу е веројатно никогаш и да не ги добијат, бидејќи српските власти се повикуваат на политиката на заштита на приватноста на пациентите. Затоа, матичните лекари бараат да им се овозможи некаква софтверска алатка преку која ќе можат да ги евидентираат своите пациенти во системот, кои самите би им се пријавиле, или да им се овозможи на граѓанките и граѓаните со дигиталниот сертификат што им го издала Република Србија лично да се евидентираат со најава на македонскиот систем.

Според последната статистика од Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани, но во тој извештај не влегуваат граѓаните кои се вакцинирани во странство.

Неофицијално, околу 15.000 македонски државјани кон крајот на март се вакцинирани во Србија, најголем дел од нив во Белград и Ниш и тие овој викенд имаат закажани термини таму да ја примат втората доза. Практично, македонската држава нема точен податок колкумина нејзини државјани се целосно вакцинирани бидејќи македонските осигуреници секојдневно одат во Србија, најчесто до Врање да примат вакцина.

Претставник на македонските власти, кој не е овластен да дава изјави за јавност, вели дека е можно да станува збор и за околу 25 до 30.000 македонски државјани што примиле вакцина во Србија, што значително го зголемува процентот на вакцинирано население во Македонија. Податоците се неофицијални, изведени од податоци на граничната полиција за движење на граничниот премин Табановце, односно за регистрирани излези и влезови преку границата на исти луѓе во период од само неколку часа до два дена.

Во Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК се јавија граѓани, кои се под 60 години и кои неодамна во Србија ја примија и втората доза на „АстраЗенека“. Велат дека се пријавиле кај матичните лекари со цел да ги евидентираат во „Мој термин“, но докторите им рекле дека сѐ уште немаат таква алатка.

Министерот за здравство Венко Филипче на 28 мај кажа дека македонските граѓани над 60 години кои се вакцинираа против ковид-19 со „АстраЗенека“ во Србија, ревакцината ќе ја примат во земјава од македонските количини. Лицата под 60 години кои примија „АстраЗенека“ ќе мора пак да патуваат во Србија, со оглед на тоа дека во земјава не е дозволено помлади од 60 години да ја примат оваа доза.

Филипче тогаш кажа и дека оние граѓани под 60 години кои ќе се ревакцинираат во Србија, треба да се пријават кај матичните лекари, и тие податоци ќе бидат заведени во нивните здравствени картони.

ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА ОД НАШИТЕ КОЛИЧИНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ
„Работиме на тој систем како ќе се евидентираат граѓаните кои се вакцинираа во странство, да ги имаме за наша евиденција колкава е вкупната бројка на имунизирани граѓани. Отворивме нов сајт ревакцинација.мк, каде се пријавуваат граѓаните за ревакцинација и така ги евидентираме лицата кои примија втора доза во земјава“, велат од „Мој термин“.

Преку веб платформата вакцинација.мк досега се пријавиле 452.093 граѓани.

Со последните бројки, 48 % од пријавеното население над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од пријавеното население над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од пријавеното населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Станува збор само за вакцините што се аплицирани во земјава.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

Website https://animeflix.nl: Watch Fullmetal Alchemist: Brotherhood animeflix Episode 64 animeflix movie

Little Nemo: Adventures in Slumberland (Dub) Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch Super Bestial Machine God Dancougar: Blazing Epilogue animeflv Episode 4 animeflv

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Facer: https://www.facer.io/u/animefreakws

Droidforums: https://www.droidforums.net/members/kissanimemx.447678/