Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Средба Бесими – Боуман: Континурана поддршка на проекти за надминување на кризата и обезбедување развој

28 април 2022, Скопје – Европската банка за обнова и развој – ЕБОР дава континуираната поддршка на РС Македонија во реализација на тековните проекти, а таа поддршка ќе продолжи и во иднина во проекти од областа на зелената енергија, патната и железничка инфраструктура. Инвестициите ќе имаат клучна улога во наредниот период за постигнување економски раст. Енергетската криза особено покажа дека за нејзино надминување се значајни заеднички напори и инвестиции во енергетскиот сектор и обезбедување производство од домашни капацитети.

Тоа беше констатирано на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, со потпретседателот на ЕБОР за политика и партнерство, Марк Боуман, генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж и директорот на ЕБОР надлежен за Република Северна Македонија, Анди Аранитаси

Министерот за финансии на состанокот ја истакна активната и посветена поддршка на Европската банка за обнова на Владата на РС Македонија во унапредување на подготовката и имплементацијата на приоритетните проекти и изрази уверување дека успешната и долгорочна соработка помеѓу Министерството за финансии и ЕБОР ќе продолжи и понатаму.

Владата на РС Македонија презема значајни чекори за справување со влијанието од ценовната и енергетска криза. Во услови на енергетска криза, важно е обезбедување на енергенси од сопствени извори, односно проширување на капацитетите за производство на електрична енергија, а за таа цел добредојдена е поддршката од меѓународни институции, особено од ЕБОР. Пакетот мерки на Владата за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите изнесува 400 милиони евра. За да се ублажи растот на цените на електричната и топлинската енергија, од Буџетот финансирани се 10,6 милијарди денари поддршка кон ЕСМ. За задржување на ликвидноста на компанијата ЕБОР понуди финансиска поддршка за ЕСМ во износ од 100 милиони евра, која е во постапка на обезбедување.

Со финансиска поддршка од ЕБОР во делот на енергетската инфраструктура, се изведуваат проекти за 10 мегаватна соларна фотоволтаични плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј, 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола, како и нова потстаница за електрична енергија во Охрид.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Исто така беше наведено дека природниот гас е клучен за економски развој на нашата земја и дека е потребна поддршка за затворање на финансиската конструкција за прекуграничната гасна интерконекција со Грција за која веќе се обезбедени 25 милиони евра од ЕИБ и 12 милиони евра грант од ВБИФ. Инвестицијата се проценува на 53 милиони евра. Со ЕБОР се работи и на изградбата на гасоводот од Свети Николе-Велес и Гостивар-Кичево.
На средбата беше истакнато дека РС Македонија ја цени поддршката на ЕБОР за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, последна делница Крива Паланка – Граница со Бугарија. Овој проект е еден од најголемите приоритети на Владата, имајќи предвид дека е значаен сегмент од неодамнешните разговори со бугарската страна. За реализација на овој стратешки проект наменети се 152,45 милиони евра од грантот од ВБИФ.и 60 милиони евра од ИПА, а остатокот до 400 милиони евра ќе биде обезбеден со заеми од ЕБОР и ЕИБ.

Исто така, во рамки на Коридорот 8 беше истакнато и значењето на проектот за изградба на железничката пруга Кичево-граница со Албанија, за што се бараат финансиски средства. Додека значајна е поддршката на ЕБОР и во изградбата на автопатот Скопје-Блаце за кој се очекува формално одобрување од страна на ЕБОР во јуни годинава

Министерството за финансии и Владата имаат амбициозна цел да го поддржат закрепнувањето на економијата и забрзување на растот. Заложбите се насочени кон постигнување стапки на раст над 5 %. Планот за забрзување на растот во таа насока нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор во утврдените приоритетни области, како и извори на финансирање
ЕБОР е главен институционален инвеститор во РС Македонија и во изминативе 30 години има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата.

loading...

https://go88.gg/

sunwin enterprises ông chủ nhà cái sunwin pm hack sunwin