Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска оствари средба со кинескиот амбасадор во РС Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо.
На средбата, градоначалникот Митовски и амбасадорот Џанг Ѕуо, разговараа за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Во рамки на денешната посета, амбасадодорот Џанг Ѕуо и градоначалникот Митовски направија обиколка на новото урбано детско катче со реквизити за игра и забава на најмладите жители на општината, кое беше изградено токму со донацијата обезбедена од страна на Амбасадата на Народна Република Кина.