(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

СТАВ | Улици или споменици?

Сегашната градска администрација прави јасна разлика помеѓу споменици и улици, па затоа не инвестира во милионски споменици, ниту во слепа улица од речиси 10 милиони евра до споменикот на корупцијата наречен „Сончев град“, туку во две нови улици за автобуси и нова флота еко-автобуси

Пред десетина години, кога „пастирот“ во ноќни саати поставуваше милионски споменици во центарот на Скопје, се отвори ТВ-дебата „Споменици или лекови?“. Уметници што се опарија од „Скопје 2014“ убедуваа дека може да се лекуваме и со чајче, но дека милионските споменици, лавови и восочни фигури се насушна потреба. И така и би. Со години една баба на ТВ делеше билкарско-медицински совети, а „уметниците“ на пастирот си кешираа милионски хонорари за споменици. На крај, дебатата „Споменици или лекови?“ се затвори со затворање на телевизијата што ја отвори. И тоа со специјалци.

Сега не се трошат стотици милиони евра само во центарот на Скопје – на споменици, фасади, фонтани, палми, панорамски тркала и прескапи реклами на „билкарски“ телевизии. Се трошат буџетски пари на проекти во сите делови од Скопје, за потреби на граѓаните, вклучително и за изградба на нови булевари и улици.

Сепак, една градска советничка ги доживеа своите „5 минути слава“ со изјавата дека немало никаква разлика: „Тоа што сега го прави Шилегов и неговото владејачко мнозинство е буквално пандан на тоа што го правеше претходното владејачко мнозинство, додека беше на власт. Тие градеа споменици, овој гради улици. Нема никаква разлика“ – рече советничка од редовите на „Левица“ – и остана жива! Изјавата, проследена со бурни коментари, поттикнува нова дебата: „Улици или споменици?“.

Има или нема разлNка помеѓу споменици и улици?
Хумористите на Твитер се махери да апсолвираат комплексни идеи во кратки реченици, па еден од нив убаво ја иронизираше нејзината изјава: „Едното дете ги трошеше парите на коцка, другото изгради куќа. Парите се секако потрошени, нема никаква разлика“. Некои укажуваа на ограничен светоглед: „Многу е лесно кога светогледот ти е меѓу Тафталиџе – Дебар Маало, со ретки посети на Центар. Со електричен тротинет не требаат улици. Од друга страна, ако живееш во Драчево, Ѓорче, Ново Лисиче или не дај боже Велес, Тетово и Куманово, и тоа како е битно да има улици“.

Јас би додал дека се работи за многу повеќе од тоа, се работи за приучена ароганција базирана на знаења стекнати со скролање по фејсбук-видеа. Примери од Копенхаген, Амстердам и Монтреал се проектираат во скопскиот простор без никаков обѕир на скопските географски, историски, развојни, просторни и инфраструктурни специфики. Ќе видат затворање на железничка пруга во Њујорк и нејзино претворање во шеталиште (NYC Highline) и со тоа ќе аргументираат зошто на Драчево не му треба булевар за да го поврзе со Скопје.

И науката велела: „Тоа што за претходните беа спомениците, за овие сега се улиците“

Сепак, советничката не се обесхрабри од хумористичните реакции, туку се обиде „научно“ да ја аргументира својата теза: „Тоа што за претходните беа спомениците, за овие сега се улиците“. Повикувајќи се на науката (без да цитира ниту еден научник), советничката обзнани дека „проширувањето и градењето нови улици е најпогрешната активност што во урбаните подрачја може да се направи во ек на климатска криза“, објаснувајќи дека „за секој 1% зголемена автоцентрична инфраструктура за приближно 1% расте бројот на автомобили“. Она што пропуштаат да го увидат луѓето како неа е дека овие лекции ги влечат од градови во различен стадиум на развој од оној на Скопје. Станува збор за градови во четврта фаза на развој, со целосна инфраструктура, со функционален урбанизам, со вмрежен јавен превоз и со комуникациски алтернативи во просторот.

Во тие градови не се градат нови булевари бидејќи се направени пред сто години, јавниот превоз врви на нив, или под нив, тамошните автоцентрични политики од втората половина на 20 век со право се напуштаат и коловозните ленти се претвораат во пешачки, велосипедски и ленти за јавен превоз. Како воопшто би се донела велопатека до Драчево или Радишани денес во Скопје, ако не со булевар?

Зарем тие луѓе не знаат дека за да обележиш со сообраќајни знаци една патека мораш да имаш одобрен проект, за утре да имаш законска заштита од полиција или осигурителна компанија? Не ли знаат дека без атмосферска канализација нема ниту еден пат, па ни велопатека? Дека ти треба улица за да имаш улично светло, дрворед, системи за наводнување, семафори, слеани рабници и столпчиња за заштита, знаат ли? Конечно, како ќе имаме функционален јавен превоз ако улиците се без овие решени прашања?

Што е точно, што погрешно, а што манипулативно?
Точно е – некои европски градови како Берлин, со улици по три и повеќе сообраќајни ленти, наменија една за автобуси и велосипеди. Но, тоа го направи и Скопје минатата година! Освен што отстрани 240 билборди од пешачките и велосипедските патеки, Град Скопје минатата година почна со стеснување на улиците за повеќе простор на неавтомобилскиот сообраќај и за поголема безбедност. Стеснет е бул. Кочо Рацин за велосипедска лента, стеснет е бул. Кирил и Методиј од истата причина, на ул. Никола Карев е одземена коловозна лента и им е доделена на велосипедистите кои немаа велопатека на таа улица.

Трошењето градски пари за пробивање нови улици не е заради „љубовта“ кон асфалтот, туку заради подобра урбана мобилност. Секако, и заради заложбата за порамномерен урбан развој и поврзување и спојување на двете страни на Вардар.

Исто така, сосем погрешно, манипулативно и апсурдно е тврдењето дека новоизградените коридори „се поавтоцентрични од претходните и се асфалтни писти“ и дека „делот за пешаци, велосипеди и зеленило се намалува“. Советничката има бизнис на бул. Климент Охридски (проширен од претходната власт со уништување на внатрешниот дрворед, зеленилото и пешачката патека), па лесно може да направи споредба со новите булевари со широки вело и пешачки патеки, со простори за средишно зеленило и широки зелени појаси (Како АСНОМ и булевар Х. Т. Карпош).

Иронично, но првиот протест на „Зелен Хуман Град“ беше токму на стеснета улица – Орце Николов каде се напушти автоцентричниот дизајн од пред 20-ина години, се отстрани паркирањето на тротоар, се воведоа пешачки и велосипедски патеки, се стесни коловозот. Она што советничката го ветува денес, тоа е веќе реалност на сè повеќе улици во Скопје. На таа мисија работат стручни лица кои своето знаење не го црпат од социјалните медиуми, туку од школите што ги завршиле.

Јасна разлика
Претходната владејачка партија со слоган „има разлика“ тешко правеше разлика помеѓу улица и споменик. Па така, на плоштадот Македонија, среде пешачка улица, решија да изградат милионски споменик (со милиони од Субрата Рој, па и со наши пари). Но, сегашната градска власт прави разлика помеѓу споменик и улица, па затоа градоначалникот Шилегов лани укажа дека „Ако Владата наместо да го урне распише конкурс за решение во што да се пренамени објектот, тогаш Град Скопје ќе конкурира со идејно решение за улица“.

Претходната градска власт ветуваше и прескапа подземна улица под градскиот плоштад (Влада-Комплекс банки), ама тендерот им пропадна откако не ја прифатија најниската понуда од 67 милиони евра. А потрошија многу повеќе пари на истиот простор за надземни споменици, фонтани, прескапи фасади и за „Порта Македонија“ со која стеснија уште една улица.

Сегашната градска администрација прави јасна разлика помеѓу споменици и улици, па затоа не инвестира во милионски споменици, ниту во слепа улица од речиси 10 милиони евра до споменикот на корупцијата наречен „Сончев град“, туку во две нови улици за автобуси и нова флота еко-автобуси. Двата нови коридора ќе овозможат ем дуплирање на дрвјата и зеленилото, ем побрз транспорт, ем нова пешачко-велосипедска зона во центар, ем намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето.

Експертите проценуваат дека метежот и загадувањето ќе се намалат, не само зашто таму нема веќе да сообраќаат автобуси загадувачи, туку и зашто брзиот градски транспорт ќе ги мотивира граѓаните да го претпочитаат, наместо неисплатливите возила.

Е, тоа е разлика меѓу улици и споменици!

loading...

Website https://4anime.biz: Watch Blue Drop 4anime Episode 13 hotarubi no mori e 4anime

Website https://gogoanime.be: Watch Tsukuyomi: Moon Phase (Dub) gogoanime Episode 25 gogoanime death note

AnimeDao: Venus Versus Virus (Dub) anime episode 12 online free at https://animedao.nl darling in the franxx animedao

Bombstat: https://www.bombstat.com/domain/gogoanime.lol

Lifeofpix: https://www.lifeofpix.com/photographers/animefreakws/

Community windy: https://community.windy.com/user/gogoanimelol