Сочувство за синоќешната трагедија во Тетово изрази министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев. во порака до шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
„Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во ковид-болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е солидарна со Северна Македонија во ова тажно време напиша на Твитер шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев, во пораката до својот македонски колега.
По катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, пораки за сочувство и солидарност испратија и Грција и Србија.