На ден 07.12.2021 година се оствари средба помеѓу претставници на Македонското здружение на стоматолози специјалисти и претставници на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, предводени од директорот на Фондот, г. Стево Крстевски, на која се дискутираше за тековните проблеми со кои се соочуваат специјалистите стоматолози во своето тековно работење. Акцентот на дискусијата особено беше ставен на барањето на специјалистите стоматолози за ревидирање на цените на здравствените услуги и потребата од нивно зголемување.
Фондот за здравствено осигурување на РСМ, како купувач на здравствени услуги кои ги третира здравствените установи како рамноправни партнери односно даватели на здравствени услуги, на средбата изрази целосна спремност и подготвеност и понатаму да ја продолжи соработката со специјалистите стоматолози, за кои смета дека се битна алка во процесот на добивање на квалитетна и навремена здравствена услуга на осигурените лица.
Во интерес на добрата соработка претставниците на состанокот договорија да формираат заедничка работна група која интензивно и во континуитет ќе работи на ревидирање на цените на здравствените услуги на специјалистите стоматолози, а се со цел овозможување и обезбедување на поквалитетни здравствени услуги на осигурените лица на Фондот.