Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени

СТОРИЈА ЗА ПУЛИЦЕР НА ФОКУС: Ова е приказната за Фапот кој гасеше пожар, во ситуација кога секоја капка вода е важна!

Снимки од расклиманиот Фап од минатиот век, кој вчера помагаше во гасењето на големиот пожар во близина на Граничен премин Богородица, Гевгелија, стана хит во медиумите и на социјалните мрежи. Критики на сметка на државата, поради тоа што функционерите се возат во модерни автомобили, додека во возните паркови на противпожарните единици во земјава уште постојат, и се гасат пожари со ,,музејски експонати” се актуелна тема денес.

Околу тоа која е приказната со Фапот, возило кое може да се види во старите Југословенски филмови, ,,Фокус” разговараше со градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, бидејќи возилото е во сопственост на општината.

-Снимките ги видов, и да, доколку не се работеше за една сериозна и опасна ситуација, ќе беа смешни. Фапот датира од седумдесеттите години на минатиот век, и нашата општина не го користи за гасење на пожари, туку единствено за миење на улиците. Сепак, Демир Капија е мало место, возилото, какво – такво, ги задоволува потребите. Со него во Гевгелија однесовме осум тони вода и придонесовме за гасење на пожарот. И јас гасев заедно со пожарникарите и доброволците, тоа беа страшни слики.
Кога ми се јави градоначалникот на Гевгелија, Поцков, и бараше било каква помош, во тие моменти не се размислува многу, бидејќи секоја капка вода е добредојдена – појаснува градоначалникот.

Додава дека Демир Капија има цистерна Мерцедес за локална употреба, која не била во доволно стабилна состојба да замине на подолг пат, па затоа се решиле да го испратат Фапот.

Исто така, појаснува дека кога е противпожарната единица во прашање, тие ги користат услугите на Општина Неготино, и наскоро преку проект на Вардарски плански регион ќе се набават четири модерни возила за гасење на пожари, и тоа за општините Кавадарци, Велес, Свети Николе и Неготино, а возилото за Неготино ќе се користи и за потребите на Демир Капија.

-Околу шеговитите коментари на сметка на хаубата на Фапот, која подрипнуваше за време на возењето, морам да појаснам дека возилото така функционира и се спречува прегревање. Но, овие возила, колку и да изгледаат како историски експонати, се многу добри кога се работи за стрмен терен. Новите модерни противпожарни возила се поефикасни кога треба да се гаси пожар во населено место, до кој се доаѓа по рамен пат – вели Петров.

Инаку, тој е еден од ретките градоначалници кој се уште се вози во службеното возило од неговиот претходник и не го подновил својот службен возен парк. Вели дека нема потреба од луксузирање, доволно е автомобилот да е сигурен и економичен.

-И мојот приватен автомобил е купен половен, не сум тип на човек кој сака да импресионира со скапи автомобили и да прави непотребни трошоци. Затоа и се уште го чуваме стариот Фап, кој добро си ја врши првичната намена, миење на улиците. А со осум тони вода, во таа ситуација во Гевгелија, исто така се покажа добро – изјави градоначалникот.

loading...

Website https://animeflv.uk: Watch The Three Musketeers (Dub) animeflv Episode Summary anime online

Website https://animetv.cc: Watch Ooya-san wa Shishunki! animetv Episode 12 free anime tv

Rozen Maiden: Ouvertüre (Dub) (https://gogoanime.be/m/jxR) Episode 2

Website https://wcostream.cc: Watch Cybernetics Guardian wcostream Episode Full anime

Zippyshare: https://www.zippyshare.com/animefreakws

Projectlibre: https://www.projectlibre.com/users/animefreakws