Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ

ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
ПЕНДАРОВСКИ: Очекувам третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани

Странски војници предизвикаа нови инциденти во Скопје!

По инцидентот кој се случи во Неготино за време на викендот, кога тројца британски државјани, учесници во воената вежба која се одвива на армискиот полигон Криволак, се однесуваа агресивно во кафуле, уништија инвентар, а еден од нив нападна полициски службеник, доаѓаат информации и за други инциденти предизвикани од странските војници и во Скопје.

Имено, како што е наведено во билтенот на МВР, во понеделникот во 05.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Околу тоа дали младите британски државјани кои украле автомобил, а потоа и го оштетиле откако со него удриле во банкина, се дел од најголемата воена вежба во земјава, во која учествуваат над 4.600 војници од осум држави, не беше наведено во билтенот на МВР.
Сепак, од извори вклучени во истрагата ,,Фокус” дознава дека станува збор за лица кои се странски војници и кои биле сместени во касарната Петровец.

За друг инцидент, кој се случил во ноќен клуб во Скопје во раните утрински часови во неделата, јавноста дозна преку социјалните мрежи.

Мајка на девојка која била повредена заедно со нејзината другарка во клубот, кога неколку лица започнале нереди во клубот, при што едната девојка завршила со хематом и повреда на главата, а другата со посекотина лицето, крварење и два хематоми од удари од шишиња, го обелодени настанот, барајќи одговори од надлежните во клубот.

Според Рашко Бошковски, одговорно лице од клубот, турканицата се случила помеѓу повеќе лица кои биле странци, обезбедувањето ги изнело надвор и била повикана полиција.

За овој настан, во билтенот на МВР беше објавено кратко соопштение – На 22.05.2022 околу 03.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир од неколку лица.

Детали дали лицата се странци, односно дали станува збор за учесници во воената вежба, не беа објавени.

Сепак, во разговор за ,,Фокус” Рашко Бошковски, одговорниот во клубот, појаснува дека ноќта имало повеќе групи на странски државјани.

-Не можам да тврдам дали лицата се војници, но гледам дека деновиве има повеќе инциденти. Беа повеќе групи, имаше Британци, Французи и најверојатно Ирци. Јас бев во полиција и дадов изјава – вели тој.

Според наши извори, се уште нема официјална потврда дали и овие лица кои предизвикаа инцидент се дел од големата воена вежба.

loading...

Tài Xỉu Go88 - Tải Game GO88 Đổi Thưởng APK, iOS, AnDroid

https://tai.sunwin.gg/