Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случила во скопското село Батинци во близина на депонијата Дризла, објави ТВ21.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека во несреќата загинал 49-годишен маж, жител на Батинци.
– Околу 20 часот е пријавено дека во селото Батинци се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода Октавија, управувано од Н.Р. (1972) од село Батинци и ПМВ БМВ. Од незгодата Н.Р починал од добиените повреди, а возачот на БМВ е пренесен во Клинички центар – велат од МВР.
Ранетите беа донесени во клиничкиот центар со придружба од над 15 возила, многу пријатели и роднини беа вознемирени и лично дојдоа во клиничкиот центар за да се обидат да помогнат.
Неофицијално се работи за бизнисмен од градежниот сектор. Според очевидци тој излегувак од маркет на патот додека со огромна брзина налетало бмв-то и се случила страшна несреќа.