ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

ВЛАДА: Стратегијата за инклузија на Ромите е темел на суштинските политики за унапредување на правата на заедницата

Со поставување на знамето на Ромите на јарбол пред зградата на Владата на Република Северна Македонија, интонирање на химната на ромскиот народ и свечен прием, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

Во свечената сала на Владата, истакнати претставници на ромската заедница, меѓу кои Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Канцеларијата на премиерот, пратеничката Љатифе Шиковска, директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и Агим Нухиу, заменик-министерот за правда, во своите обраќања ги истакнаа заложбите за продолжување на стремежите за еднаквост и правичност на ромската заедница почитувајќи го веќе изградениот концепт „Едно општество за сите“.

Учесниците на денешниот настан ја потенцираа важноста на суштинските политики за унапредување на ромската заедница втемелени во усвоената Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030 година, како дел од јавните политики за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на таа заедница во општеството.

На свеченоста беше подвлечено дека за поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Ромите за 2022 година се издвоени 73.372.000 денари, што е зголемување за 14.128.000 денари во споредба со буџетот за 2021 година. Средствата се наменети за зголемување на економскиот потенцијал на ромската заедница, како и зголемување на застапеноста на Ромите во институциите.

На настанот, Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите, во која членуваат 15 ромски НВО организации, додели пофалници на Роми од различни сфери на општествениот живот за исклучителен придонес во развојот на ромската заедница.

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ, кога претставници на Ромите од 14 земји во светот, донесоа одлуки за ромското знаме и официјална химна.

Одлуката за прогласување на 8-ми Април за Меѓународен ден на Ромите во целиот свет е донесена на Четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска.

loading...

đại lý go88 link tài xỉu go88 Review chi tiết về Cổng game đổi thưởng Go88 Club

game đánh bài sunwin sunwin s.r.o otp sunwin