Студентите од Американскиот универзитет на Европа – ФОН, заедно со првиот човек на универзитетот, м-р Сефер Цаноски и професорката Нада Петрушева, денеска беа во работна посета на Стопанската Комора на Република Северна Македонија. Оваа работна посета, како дел од практичната настава за студентите од Економскиот факултет се реализираше со цел тие да се запознаат со улогата и услугите коишто ги обезбедува Стопанската комора, како најголема и највлијателна бизнис-асоцијација во нашата држава.
Преку современиот начин на настава, напредните услови за учење, како и со практичната настава реализирана во соработка со успешни компании и институции, како во случајов со денешната посета на СКСМ, Американскиот Универзитет на Европа-ФОН им овозможува на студентите одблиску да се запознаат со претприемништвото и претприемничкиот дух, како и да ги приспособи за прилагодување со предизвиците кои се составен дел од работењето на бизнис заедницата.