Пред неколку дена градоначалникот на Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за нов проект од областа на туризмот вреден над 700 илјади евра ❗️
Пред неколку дена градоначалникот на Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за нов проект од областа на туризмот вреден над 700 илјади евра ❗️
Во текот на денешниот ден, во противпожарниoт тренинг центар на Kouzon Corporation, група на наставници имаа обука од противпожарната заштита
Во текот на денешниот ден, во противпожарниoт тренинг центар на Kouzon Corporation, група на наставници имаа обука од противпожарната заштита
Долгот од над 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои – Симеон вели ќе го плати ако Реџепови се откажат од наследството
Долгот од над 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои – Симеон вели ќе го плати ако Реџепови се откажат од наследството
ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАДЕ 1000е ЗА СТАРТ АП БИЗНИСИ НА МЛАДИ СТРУМИЧАНИ
ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАДЕ 1000е ЗА СТАРТ АП БИЗНИСИ НА МЛАДИ СТРУМИЧАНИ
Пендаровски вели дека нема веќе „5+1“ со Бугарија, туку пет комисии
Пендаровски вели дека нема веќе „5+1“ со Бугарија, туку пет комисии
СПАСОВСКИ: Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата
СПАСОВСКИ: Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“

СУДСТВОТО КАКО ДА СЕ ПОДРАЗБУДИ: Поради опасност од бегство, судот му одреди притвор на Мијалков до правосилност на пресудата за „Трезор“

Поранешниот директор на УБК нема да може да излезе од притворот во Шутка кон крајот на овој месец, како што овозможуваше решението од 26 февруари за предметот „Таргет-Тврдина“

Судот му одреди нова мерка притвор на Сашо Мијалков, овој пат до правосилност на пресудата за предметот „Трезор“.

Нова мерка притвор побара денеска обвинителот Трајче Пеливанов, по пресудата на Кривичниот суд-Скопје, кој му пресуди 8 години затвор на поранешниот директор на УБК. Паралелно, обвинителот предложи укинување на притворот во „Таргет-Тврдина“.

Адвокатот на Мијалков, Петар Василев, пак, смета дека притворот е незаконски определен, односно не може да се бара нова мерка кога една веќе е правосилна.

„Јавниот обвинител мораше да побара да се укине притворот во другиот предмет за да може да поднесе предлог во овој. Со ваквото решение, судот ја прејудицираше одлуката на кривичниот совет, односно дека ќе го укине притворот во Таргет-Тврдина“, рече Василев.

Обвинителот Пеливанов кога побара притвор рече дека Мијалков е моќен човек, може да избега и да живее комотно во бегство.

„Причините за ваквиот предлог се делумно исти како и во ‘Таргет-Тврдина’, а тоа е дека преку Европол се потврдени податоците дека Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса на живеење во Прага, Чешка, и таму поседува две возила регистрирани на негово име. Да дополнам и дека судот треба да го цени фактот дека обвинетиот е лице кое е добро ситуирано и дека тој и членовите на неговото семејство поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“,рече Пеливанов.

Со изрекување на пресудата за „Таргет-Тврдина“, на 26 февруари годинава, на Мијалков му беше одреден притвор до правосилност на пресудата, но со оглед дека во тој предмет против него имаше обвинителен предлог, а не обвинителен акт, ваквата мерка може да трае максимум 60 дена. Имајќи предвид дека малку е изводливо Апелација да се произнесе во рок од 60 дена за овој предмет, тоа би значело дека Мијалков ќе излезе од притвор околу 26 април. Но, со одлуката на судот да му определи притвор во „Трезор“, Мијалков тешко дека ќе излезе од затворот во Шутка кон крајот на април.

Адвокатите на Мијалков, Љупчо Шврговски и Петар Василев, бараа судот да го отфрли предлогот за притвор.

„Јавниот обвинител кажа една реченица во контекст на тврдењето дека Мијалков како моќен човек и сопственик на поголем дел бизниси има ексклузивитет и комоција дека би можел да се даде во бегство. Одбраната смета и тврди дека ваквата теза е погрешна. Тоа е причина да остане во државата“, рече Шврговски и нагласи дека е убеден дека пред Апелацискиот суд ќе падне пресудата за „Трезор“, затоа што, како што вели, нема докази.

Покрај за Мијалков, обвинителството бараше притвор и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, исто така, поради опасност од бегство. Меѓутоа, судот за него одреди куќен притвор. За Горан Грујевски и за Тони Јакимовски обвинителството не бараше нови мерки со оглед дека веќе имаат. Јакимовски е во куќен притвор, а Грујевски има мерка притвор која ќе стапи во сила ако некогаш биде достапен за органите на прогонот.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 4

SK8 the Infinity Episode 7

ani watch Pokémon Journeys: The Series

Dragon Ball Super Episode 129