Претседателот на Собранието го додели пехарот на претставниците од гимназијата Георги Димитров од Скопје, кои се победници на овогодинешната сезона на едукативната активност „Имам став!“, која се одржа виртуелно во текот на месец декември.
„Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Во рамките на активноста учествуваа вкупно 202 ученици и 28 професори од десет средни училишта од државата. Училиштата се натпреваруваа меѓусебно симулирајќи пленарна расправа на Собранието. Дебатите ги оценуваше жири комисија составена од пратеници, вработени во Парламентарниот институт и претставници на партнерската организација ИДЕА Југоисточна Европа.
Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација. Следната сезона на „Имам став!“ е планирано да се одржи во април 2021 година.
#ИмамСтав2020
Embassy of Switzerland in North Macedonia