Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
ШОКАНТЕН ФАШИСТИЧКИ ПРЕС НА ТАТИНО СИНЧЕ КОЕ САКА ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР ПА МАКАР ОДЕЛ ПО ЛЕШЕВИ - МИЦКОВСКИ: ЗАРЕМ ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ ЕДЕН СРБИН КАКО МАРИЧИЌ И ЕДЕН АЛБАНЕЦ КАКО ОСМАНИ ДА ПРЕГОВАРААТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!?!
ШОКАНТЕН ФАШИСТИЧКИ ПРЕС НА ТАТИНО СИНЧЕ КОЕ САКА ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР ПА МАКАР ОДЕЛ ПО ЛЕШЕВИ - МИЦКОВСКИ: ЗАРЕМ ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ ЕДЕН СРБИН КАКО МАРИЧИЌ И ЕДЕН АЛБАНЕЦ КАКО ОСМАНИ ДА ПРЕГОВАРААТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!?!
(Видео) Ковачевски: Пристигнат е францускиот предлог за спорот со Бугарија, следува широк консултативен процес во кој ќе ја вклучиме и опозицијата и НВО секторот
(Видео) Ковачевски: Пристигнат е францускиот предлог за спорот со Бугарија, следува широк консултативен процес во кој ќе ја вклучиме и опозицијата и НВО секторот
МИЦКОВСКИ ЗАБЕГА ВО ФАШИЗАМ: СЕ ДОДЕКА СУМ ЈАС ПОЛИТИЧАР БУГАРИТЕ НЕМА ДА ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ!
МИЦКОВСКИ ЗАБЕГА ВО ФАШИЗАМ: СЕ ДОДЕКА СУМ ЈАС ПОЛИТИЧАР БУГАРИТЕ НЕМА ДА ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ!
Грковска домаќин на донаторска конференција: Поддршката во процесот на дигитална трансформација на општеството е особено значајна, посебно во делот на јакнење на капацитетите на институциите
Грковска домаќин на донаторска конференција: Поддршката во процесот на дигитална трансформација на општеството е особено значајна, посебно во делот на јакнење на капацитетите на институциите

Светски ден за слобода на медиумите: Секој втор медиумски работник сака да најде нова професија

Фото: Мета.мк
За тоа каква е состојбата со медиумите и статусот на новинарите во земјава говорат податоците од анкетата спроведена од Синдикатот на новинари и медиумски работници, каде половина од испитаниците се изјасниле дека би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика, 72,7 отсто од младите новинари кажале дека немале ментор кога започнувале да работат, а 62 проценти изјавиле дека земаат плата пониска од просечната, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Соочувајќи се со голем број предизвици во професијата, се обележува Светскиот ден за слобода на медиумите, ден кој С. Македонија не може да го прослави фалејќи се со поволни резултати, со оглед на тоа што условите во кои работат новинарите се под стандардите, граѓаните немаат доволно доверба во медиумите, а уште поголем предизвик се дезинформациите и лажните вести за кои впрочем сведочат и проверките на факти објавени на Вистиномер.

Годинешниот извештај на „Репортери без граници“ за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, општо, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење лажни вести и пропаганда.

Во вакви услови и опкружување, проблемите во новинарската сфера и во медиумите се огромни – граѓаните често изразуваат недоверба во пласираните информации со оглед на напливот на лажни вести или недоволно проверени информации, а новинарите пак, незадоволство од условите за работа. Сето ова, неповолно влијае врз развојот на новинарската работа, мотивираноста кај новинарите и довербата кај читателите, гледачите и слушателите.

За тоа под какви услови работат новинарите во земјава, сведочат и анкетите што ги изработи Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) меѓу членството и новинарите и медиумските работници.

Па така, во анкетата спроведена во октомври 2021 година, новинарите биле прашани за различни фактори кои влијаат врз нивната работа. Во анкетата во која учествувале 150 новинари и медиумски работници, 51,7 отсто oд анкетираните биле на возраст од 18 до 35 години. Половината од нив се изјасниле дека би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика, 72,7 отсто од младите новинари кажале дека немале ментор кога започнувале да работат, а 62 проценти изјавиле дека земаат плата пониска од просечната.

Шест отсто од анкетираните млади новинари одговориле дека земаат помалку од 25.000 денари, а дури 27 отсто од нив се платени помеѓу 15.000 и 20.000 денари. Останатите 12,9 отсто одговориле дека нивната плата е од 25.000 до 30.000 денари, односно 24,6 отсто дека имаат плата повисока од 30.000 денари, пишува ССНМ.

Пандемијата со ковид-19 донесе уште поголеми предизвици во работата на новинарите. Анкетата на ССНМ од крајот на минатата година покажува дека 70 отсто медиумски работници не се осигурани во случај на повреда на работното место, а 61 отсто од испитаниците дале позитивен одговор на прашањето дали известувањето во кризни состојби влијаело врз нивното ментално здравје. Мал бил бројот на газди кои платиле тестирање за ковид-19 за вработените медиумски работници, а на помалку од една четвртина од анкетираните им било платено платено тестирање за ковид-19.

Според анкетата, 10 отсто вработени во медиумите добиле помала плата меѓу 5 и 30 проценти од почетокот на пандемијата, а околу 36 отсто одговориле дека познаваат колеги од нивната или од друга медиумска куќа кои во време на пандемија го изгубиле работното место.

Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата. Четворица немаше ниту да имаат постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело. Четворица ќе работеа прекувремено, а на тројца немаше ниту да им се плати. Петмина ќе застанеа на вратата за да излезат од професијата, велат од ССНМ, според податоците од анкетите.

И анализата на Здружението на новинари покажува поразителни резултати во однос на социо-економската состојба на новинарите. Од 335 анкетирани новинари, 72,9 отсто од испитаниците одговориле дека нивните месечни примања не се поголеми од 30.000 денари, а повеќе од половината одговориле дека не се задоволни од нив.

Нема простор за личен напредок, откако ќе се достигне одреден степен на успешност. Пазарот е многу мал и се заснова на сензационализам и на ниски страсти, наспроти квалитетна програма и нејзини содржини. Се цени евтиното, наспроти квалитетното, вели новинар во објавената анализа на ЗНМ.

(Сторијата продолжува по рекламите)

И снимателите, според анализата, се незадоволни од својот статус во професијата.

Снимателите, кои се дел од креативата на еден медиум и без кои не може да се замисли ниту еден проект на една телевизија, бесправно се ставени во категоријата техника и соодветно на тоа личните примања се многу ниски за нивната работа, која е воедно и нивна интелектуална сопственост. Па, оттаму фрустрациите се големи и се размислува за напуштање на професијата овде во РСМ. Во другите демократски држави, местото на снимателите е на вистинското ниво, вели снимател за анализата на ЗНМ.

Од Здружението на новинари на Македонија заклучуваат дека несигурноста на работните места и обезвреднувањето на трудот на новинарите и на медиумските работници негативно влијае врз мотивираноста во нивната работа, но и ја зголемува опасноста од корупција и контрола од различни центри на економска и на политичка моќ.

Лошите социо-економски услови за работата на медиумите се дел од поширокиот амбиент во земјава, на кој се надоврзуваат и дополнителни фактори специфични за овој сектор, како што се медиумската фрагментација и слабата функционалност на медиумскиот пазар.

Оттаму додаваат дека креирањето различни социјални мерки, исплати за прекувремена работа, дополнително покривање трошоци при теренска работа, обезбедување и осигурување од ризици, дополнителни бенефиции, како и оформување на фондови за подобрување на стандардот на вработените во медиумите, се некои од можните решенија, на покус рок, за подобрување на социо-економските услови за работа во медиумите. На подолгорочните системски политики и мерки за подобрување на социо-економската положба на новинарите и на медиумските работници, според ЗНМ, сите наведени релевантни фактори треба да работат стратегиски, континуирано и координирано.

Македонија годинава е на 57. место на Светскиот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници, со напредок од 33 места од 2021, кога беше на 90 место. Репортери без граници годинава има нова методологија за пресметка на индексот, која ја дефинира слободата на медиумите како „ефективна можност за новинарите, како поединци и како групи, да избираат, произведуваат и дистрибуираат вести и информации од јавен интерес, независно од политички, економски, правни и социјални мешања и без закани за нивната физичка и ментална безбедност“. Со цел да се одрази сложеноста на слободата на медиумите, сега се користат пет нови индикатори за да се состави индексот: политички контекст, правна рамка, економски контекст, социокултурен контекст, и безбедноста.

Состојбата во Македонија според овие 5 индикатори е задоволителна за правната рамка, за социокултурниот контекст и за безбедноста, проблематична е за политичкиот контекст, а тешка за економскиот контекст.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата, се вели дека „Северна Македонија постигна одредено ниво на подготвеност/е умерено подготвена во областа на слободата на изразување. Генерално, велат од комисијата, имало ограничен напредок во текот на извештајниот период. Според комисијата, потребно е да се продолжат напорите за саморегулација, по што ќе следат конкретни резултати за напредокот во професионалните стандарди на новинарството.

loading...

cổng game go88 go88 giải trí đẳng cấp go88 down

sunwin pazuru