Трајанов: Се нарушува етничкиот баланс во Владата, ќе имаме повеќе министри албанци од македонци
Трајанов: Се нарушува етничкиот баланс во Владата, ќе имаме повеќе министри албанци од македонци
Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“
Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“
Жители на Ново Маало: „Зелен Хуман Град“ и останатите лажни борци за екологија немаат право да одлучуваат во име на нашите имоти
Жители на Ново Маало: „Зелен Хуман Град“ и останатите лажни борци за екологија немаат право да одлучуваат во име на нашите имоти
Заев и Ескобар: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон
Заев и Ескобар: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон
ДАНСКА ЌЕ НАСАДИ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ ПЛОВЕЧКИ ВЕТЕРНИЦИ НА СЕВЕРНО МОРЕ ЗА ДА ЈА СНАБДУВА ЦЕЛА ЕВРОПА СО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА
ДАНСКА ЌЕ НАСАДИ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ ПЛОВЕЧКИ ВЕТЕРНИЦИ НА СЕВЕРНО МОРЕ ЗА ДА ЈА СНАБДУВА ЦЕЛА ЕВРОПА СО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА
ФИНСКА ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЕВРОПА, ОТПАДОТ ЌЕ ОДИ НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ПОД ЗЕМЈА!
ФИНСКА ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЕВРОПА, ОТПАДОТ ЌЕ ОДИ НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ПОД ЗЕМЈА!
Со картичките на Комерцијална банка обувките на Пеко до 19 декември може да ги купите и на попуст и на рати
Со картичките на Комерцијална банка обувките на Пеко до 19 декември може да ги купите и на попуст и на рати
Груби: Дигиталната апликација “Хана“, сегмент на еднакво општество
Груби: Дигиталната апликација “Хана“, сегмент на еднакво општество

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ВО ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИ ВЛЕГУВА ВО ЗЕМЈАВА – Потпишан меморандум меѓу Владата и компанијата Бехтел Енка за изградбата на коридорот 8 и 10

Владата и компанијата Бехтел Енка денеска потпишаа меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8 и 10.
Коридорот 8, како што рече на денешната прес-конференција вицепремиерот Артан Груби, претставува добра можност за Република Северна Македонија, бидејќи ќе овозможи на земјата да добие нова геополитичка тежина како мост меѓу балканските земји. Овој проект, појаснува Груби, ќе поминува низ Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, па се до Ќафасан.

– Со овој меморандум се предвидува преструктурирање на постојната инфраструктура, но и нови градби. Коридорот 8 е еден од десетте трансевропски коридори, дизајниран да ја олесни размената на стоки и луѓе меѓу земјите на ЕУ, балканските змеји кои се граничат со Црното Море и Каспиското Море и земјите од Централна Азија. Важноста на Коридорот 8 е тесно поврзана со неговата важност од енергетска гледна точка, ќе овозможи преку Средоземно Море пристап до големите касписки енергетски ресурси, рече Груби, додавајќи дека овозможува и на компаниите пристап до европските пазари.

Нашите граѓани од Ќафасан до Блаце, но и со другите гранични премини, додаде, ќе се возат во своите автомобили по модерен автопат.
Во однос на патот Скопје – Блаце, Груби информира дека завршувањето на овој пат се поклопува со завршувањето на Коридор 8, односно, како што рече, станува збор за проект кој сега се реализира, и оцени дека до крајот на годината ќе го имаме проектот за да ја почнат процедурата за тендерирање.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека посебен фокус ставаат на модернизација на патните правци.

– Овој документ кој денеска го потпишавме е стратешка насока, во кој правец РСМ ќе ги движи идните инвестициски вложувања во инфраструктурата на европските коридори. Нашите транспортни политики се засноваат на интеграција со регионот на подобро поврзување со соседите и подобра комуникација меѓу сите наши соседи. Потребата од доизградба и модернизација на патната мрежа низ државата е суштинска потреба заради брз економски развој, како и интеграција на транспортниот сектор со ЕУ, што е основна цел за нашето членство во транспортната заедница, рече Бочварски.

Додаде дека се влезени во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на Коридорот 8 и делот на Коридорот 10 кон Пелагонискиот регион и посочи дека застоите и пролонгирањето на изградбата на патиштата повеќе се недозволиви.

– Ова е нов модел, првпат се користи кај нас и веруваме дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа. Наместо да чекаме со години проектирање, па потоа дополнително да чекаме со години реализација, како што имаме примери сега, оваа едноставна постапка е многу побрза и дава побрзи резултати. Новиот пристап нуди брза и навремена реализација на капиталните проекти, нема повеќе калкулантнски игри кога е во прашање националниот интерес на граѓаните и државата, рече Бочварски.

Кога ќе биде креиран договорот, како што информира, ќе оди во Собрание каде ќе биде изгласан, и рече дека очекува поддршка од сите пратеници бидејќи е од стратешки, национален интерес на државата. Очекува веднаш потоа да започне и реализацијата на овие проекти многу брзо.

– Побрзите постапки се темелат на тоа што нема да одиме со постапки за проектирања, па за ревизии, па потоа за дополнителни проектирања, па постапки за градба, туку целото ова ќе оди кај самиот изведувач кој ја води постапката проектирање, појаснува Бочварски.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид тој рече дека во моментов Министерството и Јавното претпријатие за државни патишта заедно со изведувачите работат на креирње на моделот и на новото продолжување на рокот кое треба да се случи за завршување со градба на овој автопат и на оваа делница, заради тоа што, како што вели, извесно е дека до јуни 2021 нема да стигне со завршување на овој автопат.

– Правиме целосен притисок и напори 20 километри да бидат пуштени до крајот на годината, но секако да видиме и кои се можностите и институциите на системот и изведувачите да работат побрзо за да биде реализиран целиот автопат што е можно поскоро. Во моментов се преговара кога ќе имаме пролонгирање на рокот тоа е закон кој ќе оди во Собрание како анекс на договор за продолжување на рокот на изградба на автопатот Кичево – Охрид тогаш ќе ја информираме и јавноста, додаде Бочварски.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 16

AniWatch Dragon Ball Z (Dub) Episode 284

AniWatch Attack on Titan Final Season

My Hero Academia (Dub)

aniwatch app Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway