Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

СВИРКАЧ ВО МО ПРАШУВА: КАКО ПЕТАР БОГОЈЕСКИ КАКО ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК СЕ СТЕКНАЛ СО ИМОТ ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТАНОВИ, ХОТЕЛИ И СКАПИ ЏИПОВИ?!?!

Свиркач од министерство за одбрана ни пиша писмо во кое прашува како Петар Богојески како државен службеник станал милионер?!

Свиркачот ни пишува:

Има многу работи за него што допрва треба да излезат во јавност за да видат со каков монструм и хоштаплер има државата работа, и едно главно прашање – само нека погледне јавноста како може државен службеник да направи таква империја од имот за десетина години. Само имотниот лист негов од 2 апартмани во Скопје од по 120 м2, пола хотел Панорама во Крушево, цело детско одмаралиште Шула Мина во Крушево негово, жена запослена во Централен регистар во Скопје, плата 50 000 денари, сестра исто така вработена во државна служба. Вози џип најнов од 50 000 евр, ауто жена му Алфа Ромео најнова. Нека објасни како е тоа можно како државен службеник да се стекне со толкав имот.

И секогаш бил лоциран во државна служба во делот на набавките, така и во МО, на дневна основа ги тормозел вработените со притисоци околу конкретни јавни набавки и ургенции…

Нека објасни зошто го избркале од Царина, а после и од Агенција за млади и спорт и нека ја објасни неговата улога околу изградба на спортските сали низ републиката, проект на вмро реализиран токму преку Агенција за млади во времето на дпмне. Петар е класишен деал ориентед тип само набавки го интересираат и тендери ништо друго, низ канцелариите во МО во негово време јавно вршел притисок врз вработените инволвирани во проектот АРМ мој вистински дом дека ќе има и за нив барем по едно ново ауто за возење….

И кога не успеал да ја пробутне неговата фаворит фирма да биде изведувач главен во проектот АРМ мој вистински дом која што требала набодно да му го изгради за возврат одмаралиштето во Крушево, тогаш всушност он се врти против дпмне, тоа е главниот момент, од тогаш Јолевски го остранува како главен во комисијата за проектот АРМ мој вистински дом во МО. Он не застанува тука бидејки истовремено како член во управен одбор во фирма која што е главен наѕор за пропаднатиот проект АРМ мој вистински дом, он врши притисок да се наплати надзорот за проект кој што воопšто никогаш не почнал со реализација….

Инаку е познат како насилник, целосно неомилен лик медју вработените кој што сите го избегаваст за да немаат последици бидејки на сите поединечно им се заканува со уцени и притисоци цело време опстојува ги злоупотребува неговите моќни медиумски алатки, психопатски болен по медиумски публицитет, таков е веќе голем проблем за безбедносни институции…

Мактел побара изјава од Петар Богојески за овие наводи на нашиот извор од МО, тој ни одговори, изјавата ја пренесуваме во целост:

Почитуван господине Ивановски, иако е срамно да одговарам на вакви нарачани напади од Центарот за манипулации на СДСМ, на ист начин како во времето на груевизмот, поради почит кон вашиот медиум, ќе ви одговорам детално.

“Само имотниот лист негов од 2 апартмани во Скопје од по 120 м2, пола хотел Панорама во Крушево, цело детско одмаралиште Шула Мина во Крушево негово, жена запослена во Централен регистар во Скопје, плата 50 000 денари, сестра исто така вработена во државна служба.”

– Ако може и на мене да ми го дадете тој имотен лист, да си ги најдам каде ми се апартманиве од 120м2? Ќе го почестам среќниот наоѓач.

– Хотелот Панорама нема ништо со мене, а Анатуристичкиот парк Бегов Корија е во делумна моја сопственост. Станува збор за семејна инвестиција во мало и економски запустено гратче Крушево, мое редно место, па од тој мотив се одлучивме да инвестираме и да помогнеме во развој.
За жал општинските власти повеќе од 8 години ги попречуваат сите наши планови за инвестирање со што нанесоа огромни штети на компанијата. За тоа можно е да следуваат тужби.
Наместо пофалба за нашата инвестиција во така мало и неатрактивно место, исфрустрираните партиски пацови освен плукање, за друго и не знаат!
Средствата за инвестицијата во 2014 година беа обезбедени од една од комерцијалните банки, а останатите средства за раст и развој на компанијата од сопственото работење, едностано од најлегални оданочени приходи.

– во врска со имотната состојба, по наредба на премиер Груевски, УЈП направи проверка на потекло на мојот имот која траеше 2.5 години. Констатираа дека целокупниот имот на Богојески е стекнат од легални и оданочени приходи, дури исплатени вишок средства за данок!

– мојата сопруга е магистер по деловно право, експерт за заложен и трговски регистер, вработена во јавна служба од 2001 година.

– мојата сестра има свое семејство веќе 16 години и срамота е да споделувате вакви коментари.

“Вози џип најнов од 50 000 евра, ауто жена му Алфа Ромео најнова. Нека објасни како е тоа можно како државен службеник да се стекне со толкав имот.”

– Возам Хјундаи Тусон од 2017 година, моментална вредност околу 10.000 евра.
– Алфата ромео е купена во 2009 година, со незначителна вредност.

“И секогаш бил лоциран во државна служба во делот на набавките, така и во МО, на дневна основа ги тормозел вработените со притисоци околу конкретни јавни набавки и ургенции…”

– Никогаш не сум работел ниту спровел барем една јавна набавка во МО, ниту сум бил во Комисија за ЈН, ниту сум предводел таква.
Ги замолувам тормоземите вработени, барем еден да се појави, да дознам дека постои и таков!
Вистина е дека во 2010 година разбив една бандитска организација во МО која направи штета од милиони евра државни пари, но Шеќеринска и Дражо истата банда ја рехабилитираа и ги вратија на раководни позиции.

“Нека објасни зошто го избркале од Царина, а после и од Агенција за млади и спорт и нека ја објасни неговата улога околу изградба на спортските сали низ републиката, проект на вмро реализиран токму преку Агенција за млади во времето на дпмне.”

– Во 2009 година поради судир со мафијата во Царина, не ме избркаа туку јас си поднесов отказ на работно место. Директорот Каргов тоа не го прифаќаше и бев принуден да останам уште еден месец на работа (законски отказен рок).
Откако успешно си заминав од Царина, тие кои се сокриваа зад мој грб завршија или со откази или со притвори!

– Во АМС работев една година, водев многу проекти, а 35 Спортски Сали ги спасив од пропаѓање и проектот успешно беше реализиран со надчовечки напори.
Поради судир со Миле Јанакиевски, министер и Никола Груевски, премиер за проектот 50 Фудбалски игралишта, јас ја напуштив АМС уште во 2010 година.
Предметот за криминал денес го сокрива СДСМ!

“Петар е класишен деал ориентед тип само набавки го интересираат и тендери ништо друго, низ канцелариите во МО во негово време јавно вршел притисок врз вработените инволвирани во проектот АРМ мој вистински дом дека ќе има и за нив барем по едно ново ауто за возење….”

– Проектот АРМ мој вистински дом го започна министерот Коњановски со строга забрана за моја контрола и надзор над истиот.
За време на министер Бесими Фатмир јас бев задолжен да го проверам тој проект, но ДУИ имаше одлука да го запре. И за време на министер Талат Џафери.
Јас открив криминал во тој проект, за што известив Ревизија во МО, Сектор за инспекција во МО, лично МО, Д.Сек, ЗМО, ГШ на АРМ, ОЈО. Предметот го сокри СДСМ од истрага.

“И кога не успеал да ја пробутне неговата фаворит фирма да биде изведувач главен во проектот АРМ мој вистински дом која што требала набодно да му го изгради за возврат одмаралиштето во Крушево, тогаш всушност он се врти против дпмне, тоа е главниот момент, од тогаш Јолевски го остранува како главен во комисијата за проектот АРМ мој вистински дом во МО.”

– АРМ вистински дом никогаш не дојде до избор на изведувач, туку до избор на перач на пари!
Министерот Јолески дирекно раководеше со сите активности и спротивно на моите совети, во содејство со криминални банди, го уништија проектот.
Никогаш не сум бил разрешен од Комисија, напротив јас јавно пред 100 војници и цел синдикат на АРМ изјавив дека Проектот е погрешен и дека доколку јас за себе одлучивам и за своја фамилија, не би инвестирал во таков криминал.
Груевски бараше камен темелници на изборите 2016 година, па направија 2 дупки на локацијата за да се прикаже лажно пред јавноста и пред војниците дека нешто се реализира.
Јас одбив да бидам присутен на тој мизерен настан.
Со министерот Јолески никогаш немавме професионална соработка, МО го претвори во приватна прчија, на што јас жестоко реагирав.
Може да прашате кој сакате вработен од портирница па до кабинет на МО за моите дејствија против приватизацијата на МО!

“Он не застанува тука бидејки истовремено како член во управен одбор во фирма која што е главен наѕор за пропаднатиот проект АРМ мој вистински дом, он врши притисок да се наплати надзорот за проект кој што воопšто никогаш не почнал со реализација….”

Никогаш не сум бил член на УО на фирма која била надзор на изведба, ниту се сеќавам дали воопшто имало таква фирма. Знам дека Јолески сакаше да се оди со “внатрешен надзор” за да може манипулациите да се максимализираат. Но што одлучија не сум сигурен, тоа беше пред многу години.
Јас бев претседател на Комисија само за распределба на станови, но никогаш за проектирање, ревизии, изведба или надзори. Знам дека имаше нешто фамилијатно таму на друг министер.
Јас бев шеф на таа Комисија до 2017 мислам, а Шеќеринска го поништи проектот, а не Јолевски.
СДСМ го покри тој случај!

“Инаку е познат како насилник, целосно неомилен лик медју вработените кој што сите го избегаваст за да немаат последици бидејки на сите поединечно им се заканува со уцени и притисоци цело време опстојува ги злоупотребува неговите моќни медиумски алатки, психопатски болен по медиумски публицитет, таков е веќе голем проблем за безбедносни институции…”

– ова не вреди за коментар, еден колега нека повели и нека се пожали на мене! Јас и кога ми носеле намирници – репрезентација во натура, секогаш се им давав на колегите, никогаш за мене ништо не користам, не патувам на државна сметка, не се возам во државна кола, не земам дневници… буквално ниту еден 1 денар немам земено иако многу сум можел и ми следувало.

Нема да ме заплашат, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА до конечна победа над мафијата!

loading...

go88 game tài xỉu rút tiền go88 bị từ chối go88 cổng quốc tế

bảng vị sunwin sunwin go88 máy năng lượng mặt trời sunwin