(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!

СЗО порачува: Се уште нема докази дсека новиот вид коронавирус ќе доведе до зголемување на смртноста

Светската здравствена организација се уште нема докази дека новиот вид на Ковид 19 ќе доведе до зголемување на смртноста, рекла една од директорите на организацијката, Силви Бријан за француската БФМ телевизија, пренесува ТАСС.

„Вирусите се менуваат и ова што сега се случи и не е некое изненадување. Во намерата да одредиме дали мутацијата ќе има влијание врз човековото здравје, ќе мораме да направиме дополнителни истражувања во лаборатории. Во овој момент, не гледаме промена во процентот на смртност“, рекла Бријан.

Таа додала дека се потребни истражувања и на тема дали новиот вид ќе влијае врз ефикансоста против Ковид 19.

„Засега делува дека новиот тип на Ковид 19 тешко ќе влијае врз ефикансоста на вакцината. Верувам дека мерките кои се преземени во Велика Британија ќе влијаат на тоа да се запре ширењето на новиот вид на вирусот до масовната вакцинација на граѓаните“, порачала Бријан.

Земјите низ светот почнуваат вакцинација и дистрибуција на регистрираните вакцини, а неколку во Европа забранија летови и возови од и до Велика Британија откако се појави нов вид коронавирус – варијанта или мутација на КОВИД-19 на југоистокот од Англија.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија. СЗО е во контакт со официјален Лондон и ќе ја извести јавноста откако ќе бидат направени итни истражувања на карактеристиките и импликациите на новиот вирус.

– Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, новиот вид коронавирус е „надвор од контрола“, а главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека може да се прошири побрзо меѓу населението, но засега нема показатели дека предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Оздравеле 54 милиони, активни во моментов се 21,3 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Кај нас вкупниот број дијагностицирани достигна 78 305, оздравени се 54 034, починати 2292. Бројот на активни случаи е 21 979, од кои 11 822 се во главниот град.

Во нашите болници се лекуваат 1217 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19, според статистиката на Министерството за здравство од вчера.

Од нив 479 се во болниците во Скопје (194 во ковид-центрите на интерните клиники, 141 на Инфективната клиника, 104 во ГОБ „8 Септември“ и 40 на Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле) и 738 пациенти во ковид-центрите и инфективните оддели во другите градови во државата.

Министерството за здравство соопшти дека има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, со напомена дека состојбата е променлива затоа што во текот на денот има нови приеми, но се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Во вчерашниот здравствен биланс беа евидентирани нови 357 случаи на КОВИД-19 од 1387 направени тестирања во 24 часа, а 132 од новозаразените се во Скопје. Починаа 18 пациенти, најмладиот на 34 години. Оздравени се 689 пациенти.

Заклучно со вчера, 3.882.290 евра се донирани од поединци, компании и институции во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот. Тоа го соопшти премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, нагласувајќи дека завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава.

– Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните, апелираше Заев во објавата на неговиот фејсбук-профил заедно со линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот.

loading...

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE

Watch Macross Plus Episode 4

Website https://animedao.nl: Watch Another (Dub) animedao Episode 12 animedao my hero

KissAnime: Love, Chunibyo & Other Delusions!: Heart Throb - The Rikka Wars (Dub) anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanimenz

Seositecheckup: https://seositecheckup.com/seo-audit/animeflix.nl

Pokecommunity: https://www.pokecommunity.com/member.php?u=968947