Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

Тага, гнев и плач на протестот против руската агресија, отворен и шатор за донации за Украина [фото]

Итно сопирање на руската агресија во Украина и затворање на небото за прелети на руската авијација. Ова е главното барање на граѓаните коишто денеска во центарот на Скопје се собраа на протестот против руската инвазија врз Украина.

Во плач и неверување, со гнев и тага, секој од присутните на протестот на различен начин испрати апел за сопирање на војната во Украина. Некои од граѓаните дојдоа и да донираат помош за Украинците, а на протестот беше присутна и украинската амбасадорка во земјава.

„Ова е нечовечки, монструозен подмолен напад од страна на Русија. Русија без жал уништува украински градови и села, убива цивилно население. Покрај руската агресија насочена кон уништување на украинското население и инфраструктура се јави нова закана за цела Европа и пошироко. Со руската инвазија на удар е ставена и глобалната нуклеарна безбедност“, изјави претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Граѓаните со транспаренти „Стоп за војна во 21 век“, „Стоп за руската агресија“ и фотографии од разурнатите украински градови повикаа на ставање крај на војната што ја започна Русија во Украина.

„Иако мојот мајчин јазик е руски, јас потекнувам од едно мало гратче од Украина на 30 километри од нуклеарната централа која што беше зафатена од руските окупатори пред два дена“, изјави една од граѓанките на протестот, додавајќи дека во нивниот град живее руско население што било населено таму и сите се противат на руската инвазија врз Украина и не бараат да бидат “ослободени”.

„Русија води војна со целиот свет, а Украина води војна за целиот свет. Ние ќе победиме, но нас ни треба поддршката од целиот свет“, изјави украинската амбасадорка во земјава, Наталија Задорожњук на денешниот протест.

Таа се заблагодари на државното раководство на нашата земја за приклучувањето кон руските санкции воведени од ЕУ, како и за затворањето на воздушниот простор за руските авиокомпании од нашата земја. Амбасадорката се заблагодари и на компаниите кои донираат помош за украинскиот народ, како и за граѓаните кои се одзиваат на повикот за донации. Помошта веќе започнала да се испраќа во Украина.

Инаку, за да им се излезе во пресрет на што повеќе луѓе кои сакаат да донираат за Украина, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје до 20 часот е отворен пункт за собирање на хуманитарна помош. Во шаторот секој граѓанин ќе може да однесе храна, облека и друга помош што ќе биде испратена за украинските граѓани кои страдаат од војната. Организаторите разговараат со Град Скопје пунктот за донации да биде отворен и во текот на наредните денови, како би можело што поголем број на граѓани да донираат.

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

anime dao Spare Me, Great Lord!

anime dao Horimiya

free anime online Bleach (Dub)

AnimeDao Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc

My Hero Academia

tải go88