Резолуција во Конгресот за славење на македонскиот јазик и наследство
Резолуција во Конгресот за славење на македонскиот јазик и наследство
БРИТАНИЈА ЈА ОБВИНИ МОСКВА ДЕКА САКА ДА ПОСТАВИ ПРОРУСКА ВЛАДА ВО УКРАИНА
БРИТАНИЈА ЈА ОБВИНИ МОСКВА ДЕКА САКА ДА ПОСТАВИ ПРОРУСКА ВЛАДА ВО УКРАИНА
АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, КАДЕ ЛЕТАШ: 247 санкции за брзо возење
АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, КАДЕ ЛЕТАШ: 247 санкции за брзо возење
ЌЕ СЕ СРЕДИ ОВА РУГЛО ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: „БУШИ“ ЈА КУПИ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР“ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ХОТЕЛ
ЌЕ СЕ СРЕДИ ОВА РУГЛО ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: „БУШИ“ ЈА КУПИ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР“ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ХОТЕЛ
ЛУЃЕ НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО СУДБИНАТА, НЕ ВОЗЕТЕ ПИЈАНИ, МОЖЕ ДА УБИЕТЕ НЕКОГО А И СЕБЕСИ: МВР ФАТИ 20 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ, 17 ВО ТЕТОВО, 15 ВО СТРУМИЦА, 11 ВО БИТОЛА...
ЛУЃЕ НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО СУДБИНАТА, НЕ ВОЗЕТЕ ПИЈАНИ, МОЖЕ ДА УБИЕТЕ НЕКОГО А И СЕБЕСИ: МВР ФАТИ 20 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ, 17 ВО ТЕТОВО, 15 ВО СТРУМИЦА, 11 ВО БИТОЛА...
Денеска ќе биде многу студено и ветровито
Денеска ќе биде многу студено и ветровито
Вселенскиот патријарх Вартоломеј на премиерот Ковачевски му ја честита новата функција
Вселенскиот патријарх Вартоломеј на премиерот Ковачевски му ја честита новата функција
ГЕРМАНЦИТЕ СИ ЈА ПОКАЖАА ПАК СВОЈАТА СЕБИЧНОСТ И ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ЈА ВИДОВМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ХИТЛЕР: ОДБИВААТ ДА И ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ЗА ДА НЕ СИ ГИ ЗАГРОЗАТ СВОИТЕ ЕКОНОМСКИ ИНТЕРЕСИ ПОВРЗАНИ СО ЕФТИНИОТ РУСКИ ГАС
ГЕРМАНЦИТЕ СИ ЈА ПОКАЖАА ПАК СВОЈАТА СЕБИЧНОСТ И ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ЈА ВИДОВМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ХИТЛЕР: ОДБИВААТ ДА И ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ЗА ДА НЕ СИ ГИ ЗАГРОЗАТ СВОИТЕ ЕКОНОМСКИ ИНТЕРЕСИ ПОВРЗАНИ СО ЕФТИНИОТ РУСКИ ГАС

ТАМАН ПОМИСЛИВМЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ПОДОБРО ОД СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, БАЛФИН ПАК НЕ ИЗНЕНАДИЈА – Sneak Peek во создавањето на најграндиозниот повеќенаменски концепт „Скопје Ист Гејт“

Присуствуваме на финалната фаза на градежните активности во Ист Гејт Мол, кој е првата содржина која се завршува наесен, во склоп на повеќенаменскиот комплекс „Скопје Ист Гејт“. Објектот се движи со голема динамика секој ден, а изведувачи интензивно работат во сите фази на покривање, застаклување, фасадирање, машинство и електрика.

Ист Гејт Мол е мол од новата генерација кој развива бруто површина од 160.000 метри квадратни и ќе се простира на 5 нивоа. Со објект од вакви димензии, Скопје добива најголем мол во регионот кој ќе биде новото „in“ место за излегување, забавување и шопинг. Припаѓа на таканаречените „центри-дестинација“ заради тоа што нуди комплетни содржини на едно место: широк избор на мода и уникатни брендови, услуги, кино сали, игротека, фини ресторани, „гурмѐ“ брза храна, хипермаркет, салони за мебел и бела техника и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови.

За информации и новости за тоа како течат подготовките и кои трговски марки ќе бидат во Ист Гејт Мол, следете го профилот @eastgatemall на социјалните мрежи ФБ и Инстаграм.

Женска сила го води градежниот процес на „Скопје Ист Гејт“

Разговаравме со дел од раководниот инженерски тим, кој на наше пријатно изненадување се три силни дами.

Дипл. Арх. ДЕСАНКА ПЕРЛАШ – е главен консултант и лидер на тимот на архитекти, инженери и изведувачи.

МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА:

Денот го започнувам рано. Сакам да сум прва пред да пристигне тимот. Важно ми е да направам динамички план и организација додека го гледам објектот и основите пред себе. Ова е огромен проект, најголемиот на кој сум имала можност да работам во целата четириесетгодишна кариера. Изведбената работа налага хируршка прецизност за да се вклопат стотици активности, затоа што тоа што се гради треба да исполни критериум за естетика, навременост и изведба по сите стандарди кои се бараат во градежништвото.

Ништо ама баш ништо не можете да направите без тимот. Следам безброј активности кои мораат да бидат добро искоординирани со целиот инженерски тим, со надзорот и со изведувачите, затоа што само со исклучителна координација се успева сѐ.

ЗА ЖЕНИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА:

За мене нема машка и женска индустрија, има само луѓе со енергија или без неа. Авторитетот го градите со знаење и харизма.

МОТО:

Најголемите поуки во животот доаѓаат од најмалите нешта со сложени проблеми и предизвици. Ако не избегате и прифатите да ги решите, бидете сигурни дека нема да се соочите со потешкотија никогаш во животот.

ВИОЛЕТА ШЕСТАКОВ – Инженер чија специјалност се најризичните инсталации во објектите

ФУНКЦИЈА:

Главен машински инженер одговорна за машинските инсталации (греење, ладење, климатизација, вентилација, како и за спринклер системот), вклучувајќи и техничка поддршка на тимот за координација на закупците.

МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА:

Доаѓам со полна енергија на работа. Самиот обем на активности е застрашувачки голем, но за мене предизвик кој го прифатив со задоволство. Моја одговорност е објектот да има одлична вентилација и свеж воздух, закупците и посетителите да се чувствуваат удобно со функционална климатизација во секоја сезона, и секако наголемата одговорност за обезбедувањето на превенција и заштита од пожар.

Мојата работа бара многу планирање, координација, проверки на техничка документација, како и теренски контроли и инспекции на материјали, на изведена работа, преглед на цртежи како и компарација на истите со изведена состојба, притоа обрнувајќи внимание на квалитетот и начинот на изведба.

Сѐ е прилично динамично и бара стопроцентна концентрација и присутност секаде.

ЗА ЖЕНИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА:

Инженерството беше професија во која доминантно работеле мажи. Во последните неколку децении, значително е зголемен бројот на жени инженери кај нас па и во светот. Тоа е навистина храбро, имајќи во предвид дека некогаш ова било незамисливо. Знаејќи го фактот дека тешко се добива шанса и се стекнува доверба за оваа позиција, можам да кажам дека секоја од компаниите и изведувачите кои имаат вработено жени инженери би биле поуспешни и попродуктивни од оние кои ги немаат. Во нашиот тим, имаме жена лидер за градежните работи со долгогодишно искуство. Нејзината посветеност и труд кон работните задачи е за восхит. За мене пример за врвен професионалец е Десанка Перлаш.

MOTO:

Мојата работа е маратон, не е спринт. Се подготвувам да истраам, а не да победам.

САРА ИБРАХИМ – Најмладиот машински инженер во тимот на Ист Гејт

ФУНКЦИЈА:

Помлад инженер асистент на главен проектен менаџер и на главен машински инженер.

Уште за време на студиите на Машинскиот факултет во Скопје, моја најголема желба беше да работам на нешто навистина големо. Кога ме повикаа на интервју, воопшто не бев свесна за што станува збор и дека ќе ми биде доделено работно место. Поминав низ процесот на селекција со голема верба во себе, иако немав работно искуство ниту референци. Успеав сосема сама, и поради мојот ентузијазам и мојата желба да работам и да учам. Ни во сон немаше да си претспоставам дека денес ќе работам за најголемиот, најграндиозен мултинаменски проект, и дека ќе асистирам токму на главниот проектен менаџер и на главниот машински инженер.

МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА:

Доаѓам секој ден со позитивизам, со насмевка и желба да научам нова вештина. Не се плашам од предизвиците, никогаш не велам неможам и не постои нешто што нема да го завршам на време и со квалитет.

ЗА ЖЕНИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА:

Во градежништвото нема машка и женска работа. Некои жени денес се сто пати поголеми мажи од мажите. Ние сме пример за тие жени, на чело со Десанка Перлаш, која е моја најголема инспирација и пример!

МОТО:

Нема лифт на патот до успехот. Треба да ги изодиш сите скалила пеш и сам.

loading...

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

watch anime free So I'm a Spider, So What?

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 3

free anime online ANIMEFLIX Dragon Ball Super

free anime online Tokyo Ghoul