На состанокот заменик министерот, Димитровски го запознав со функционирањето на Општина Кисела Вода, детално го информирав за реализираните проекти, а му ги презентирав и проектите, кои во следниот период Општината планира да ги реализира. Со заменик министерот дискутиравме и за новиот Закон за локална самоуправа, и за тоа како уште повеќе да го подбриме квалитетот на животот на граѓаните.
Заедно ја нагласивме и потребата за продолжување на успешната соработка со централната власт и со Министерството за локална самоуправа, соработка преку која од почетокот на мојот мандат досега направивме видливи промени кои донесоа подобар живот и во руралните и во урбаните населени места.
На заменик министерот, м-р Зоран Димитровски му благодарам за нагласената поддршка и за дадените предлози, кои значат многу за функционирањето на Општина Кисела Вода.