Од запуштениот објект на ЈДГ „8 Март“, направивме убаво уредена, реновирана детска градинка „Расадник“. Со поддршка и со средства од Владата кои беа во износ од 1.600.000 денари, поставивме нови прозорци и надворешни врати.
Во градинката со донација од страна на Цементарница АД УСЈЕ во износ од 2.700.000 денари поставиме и нова фасада со термичка изолација. Во сите простории во објектот „Расадник“ извршивме молерисување, стружење и лакирање на паркетот, дезинфекција и дератизација. Воедно ги дезинфицирани душеците и клима уредите.
🔴Градинките на територијата на Кисела Вода работат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство. Да продолжиме да се придржуваме до препораките од Владата и да го победиме вирусот Ковид-19.
🔴Сакам да нагласам дека и во периодот што следува нема да застанеме со реализацијата на проекти, со силно темпо ќе продолжиме да ги подбруваме условите за нашите најмили.