Продолжуваме да работиме во насока на подобрување на инфраструктурата.
🔴Во моментов, во должина од 5️⃣5️⃣0️⃣метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево. На патот, ќе бидат поставени и стабилизирачки банкини. Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото, ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на патот.Реконструкцијата на улицата ја правиме во соработка со Скопски плански регион.
🔴Денеска со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски извршивме увид во работните активности на патот.
