КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!

ТЕМЕЛКОВСКИ: Водам на сите анкети затоа што жителите на Кисела Вода видоа дека оваа општина може да функционира и да инвестира и да ги подобрува условите за живот

Интервју со Филип Темелковски, градоначалник на општината Кисела Вода

Го заокружувате Вашиот прв мандат, а ќе се борите и за втор мандат. Првото логично прашање е поврзано со Вашите активности во изминатите четири години. Кои се промените во општината Кисела Вода реализирани откако сте градоначалник?

Вратена е надежта. Тоа е најважната промена. Вратена е надежта во институциите во општината. Луѓето видоа дека оваа општина може да функционира и да инвестира и да ги подобрува условите за живот. Тоа го покажува големиот број барања и пораки кои секојдневно ги добиваме. Луѓето гледаат дека во нивното соседство се работи, се гради и бараат нивната улица да биде опфатена. Дополнително добиваме и многу барања за поправање реконструкција на погрешно изведени проекти пред мојот мандат кои и покрај тоа што се релативно нови сепак се изведени со грешки или се погрешно проектирани. Таква е состојбата во Речиште, каде што мора да ја преправаме канализацијата, булеварот Борис Трајковски направен е половично и не само половично туку без да се изведе собирна фекална канализација за да може да се приклучат околните места. Вакви и слични пропусти откривме на повеќе локации. Некогаш самата поправка чини повеќе или исто колку и изведбата.

Покрај долговите, првата и главна работа на која се посветив и ја реструктуирав е општинската администрација која сега работи со зголемена ефикасност, без страв и без притисоци. На пример, Во овие две години разрешивме околу 7.000 легализации и да не беше корона кризата која ги ограничи можностите за комисиско излегување на терен до сега ќе ги имавме разрешени и преостанатите 3.000. а претходно за 7 години беа разрешени помалку од 2.000 предмети.

Еден помалку познат факт е дека ние како општина имаме аплицирано и искористено најголем број можности за добивање грантови и донации. Имаме обезбедено околу 40 грантови за овие години. Со овие средства ја изградивме инфраструктурата која недостасуваше. Поточно ги поставивме темелите за понатамошна изградба на инфраструктурата. Изградивме преку 15 километри фекална и атмосферска канализација и со тоа го решивме проблемот за најголем број од граѓаните. Дополнително повторно ни останаа неколку делници кои се пократки поврзувања до блиските цевководи и се поедноставни зафати. Јас со нетрпение очекувам да ги поврземе и овие преостанати делници. Колку и да делува вчудоневидувачки во Кисела Вода се уште постојат населби кои користат септички јами и немаат приклучок ниту услови да се приклучат на канализациска мрежа. За семејствата кои конечно беа приклучени на одводна мрежа тоа е голема промена.

Не сакам плукни-залепи решенија, традиционалното и популарно наречено крпење на улици се покажа како непрактично. За кусо време пак се раскопуваат и ништо не си направил, а парите се потрошени. Добиваме многу барања за санирање на дупки, и тука преземавме политички ризик. Наша политика е да собереме доволно средства и да направиме целосна санација или реконструкција на сообраќајниците. Истовремено при реконструкцијата да се заменат и подземните цевки за да нема потреба повторно да се прекопува. На овој начин решаваме можеби помал број улици, но да знаеме дека решението ќе биде долготрајно.

Надлежностите на локалната власт не секогаш се директно поврзани со партиските идеологии. Колку има дневна политика во Вашето раководење со општината?

Дневна политика има само на социјалните медиуми. Таму секој си пишува што си милува. Во раководење на општината се раководиме од потребите на граѓаните а не од партиска преференција. Досега во мојот мандат имам остварено повеќе од 3.000 средби со граѓани, секој со свој проблем кој со години го мачел и немал каде да се обрати. Некои од овие проблеми се однесуваат на други институции, најчесто катастар, дури и за изводи од матичната служба. Но луѓето гледаат надеж и се обраќаат кај мене. Ова е Кисела Вода и се знаеме кој со каква идеолошка или политичка определба е. Но, тоа не е пречка тие да дојдат и да се обратат кон мене. А јас се обидувам и помагам на сите каде што можам, и за она што е во согласност со законите и прописите.

Работата во локалната самоуправа е практична и конкретна и тука нема партиска определба. Обидите да се спинува дневната политика не поминуваат во Кисела Вода, кај најголем дел од населението. Секогаш ќе има мал број кои од лични интереси нема објективно да гледаат на работите. Но тоа е дел од демократското општество и слобода на изразување.

Политиките ги поставивме уште на почетокот дека се фокусираме кон поставување на темелите, непопуларната подземна инфраструктура (поради тоа што е поскапа, а не е атрактивна за покажување). Во исто време за да поставите подземна мора да ја уништите надземната инфраструктура, улиците но тоа воедно значи дека и улицата ќе се направи целосно.

Дневната политика се сведува на различни перцепции, некој ќе биде задоволен што е направена некоја улица. Некој ќе бара маана. Некој ќе биде задоволен дека конечно добил приклучок на канализација некој ќе се жали дека притоа била ископана улицата.

Од кои целни групи ја очекувате поддршката на претстојните избори? Кандидат сте на СДСМ, дали се потпирате само на партиските гласачи, или пак и на неопределените, па дури и гласачи на други партии?

Јас сум градоначалник на сите, и не гледам кој како гласал и кој ме поддржал, а кој не при изборите. Во мојов мандат работевме и инвестиравме без да гледаме кој од која партија е. Да бидам искрен, точно знаеме во кои населби сме добиле повеќе или помалку поддршка на изборите. Но, тоа не е, и никогаш не било водилка за мојата работа. Инвестиравме принципиелно, секаде каде што е неопходно. Принципот на моето работење е да се обезбедат основните цивилизирани услови за живеење, основните приклучоци за довод и одвод, да се обезбедат безбедни услови за престој во градинките и училиштата, да обезбедиме доволно место за секое дете во градинка, да обезбедиме места за рекреација и парковско зеленило за младите и за возрасните во секое населено место, и луѓето да можат да си дојдат до дома по пристојна улица.

Тоа се целните групи од кои очекувам поддршка. Секој граѓанин кој ги сака и се грижи за истите работи и вредности ја поддржува и мојата работа. Луѓето гледаат дека се работи. Во секоја населба и маало имаме остварено по повеќе проекти.

Да бидеме искрени, во секоја населба има наталожени проблеми од дваесет години и повеќе. Луѓето гледаат дека се работи на соседната улица и прашуваат кога ќе биде нивната улица, на ред. Најтешкиот предизвик е од каде да се почне. А тоа се одлуки на Советот на општината. Вообичаено почнуваме од оние кои се во најлоша состојба, а не од оние кои најмногу се гледаат. Работиме во фази согласно буџетските приливи и можности. Поддршката ја очекувам од сите оние кои препознаа дека Кисела Вода оди напред и кои ќе увидат ако соседната улица е направена и нивната е следна. Кај оние што ќе преовлада суетата дека не биле опфатени во првата фаза можеби ќе се одлучат за поризична опција и друг кандидат со различни непознати приоритети и кој не ги познава состојбите.

Дополнително поделбата на надлежностите со градот Скопје предизвикува одредени нејаснотии кај граѓаните. Еве сега скоро градот Скопје со одлука ни префрли надлежност над неколку улици во Драчево. Тоа ќе претставува дополнително финансиско оптоварување за општината, но ќе бидеме во можност да интервенираме.

Изборните резултати од минатото покажуваат поголема поддршка за мене како кандидат, што кореспондира со тврдењата дека на локални избори се гласа за личност, а не за политичка партија. Сите најави, анкети и контакти укажуваат на сериозна разлика и веројатност да бидам избран уште во првиот круг. Така што, одговорот ќе го видиме наскоро.

Доколку го добиете вториот мандат, кои ќе бидат првите пет чекори што ќе ги преземете? Кои се приоритетени области на кои ќе се фокусирате во наредните четири години?

Пред се нема да има застој во изведување на проектите кои ги започнавме. Во овој мандат ги поставивме темелите, со помош на Владата, грантови и донации ги разрешивме најголем дел од најскапите инфраструктурни проблеми и инсталации. Ги вративме и наследените долгови. Следниот чекор е преостанатите кратки канализациски краци да ги споиме на главните одводни системи. Да реконструираме повеќе атмосферски одводи. Неколку интервенции на водоводната мрежа и секако реконструкција на многу улици. Реконструкцијата на дел од овие улици е поврзана со поставување или проширување на канализациските системи. Затоа некои граѓани се лутат зошто не се санирани дупките на улиците. Како што реков јас се залагам за реално остварливи, трајни и одржливи решенија. Можеби малку подолго ќе трае но исто така и новиот асфалт ќе трае подолго и нема да има потреба за прекопување.

Прв приоритет ни се условите за здрав развој и престој на најмладите кои се недолжни за грешките на возрасните. Втор приоритет е воспоставување основни услови за достојно живеење – развој на инфраструктурата. Трето – одржување на постојната инфраструктура и зеленилото. Дополнително планираме и еден концепт со работен наслов “Поблиску до центар“ – кое ќе го поедностави движењето на граѓаните кон центарот на градот. Но, за деталите во некоја друга пригода.

Каква е состојбата со градежната експанзија во општината? Дали е потребен баланс при развојот на општината, од една страна да се продолжи со модернизација и градење, а од друга да се воспостават повисоки стандарди во заштитата на животната средина, и да не се дозволи хаотична состојвба, видлива во некои други општини?

Градежна експанзија одамна нема. Во мојот мандат Кисела Вода е општина во која се издадени најмалку одобренија за градба и најмалку се гради. Тоа лесно може да се провери со податоците од заводот за статистика. Тоа беше одлика на претходните години кога се изградија зградите кај Расадник и кога оној дел околу рампа беше пренатрупан со згради и сега во тој дел имаме проблем дека нема место за тротоари ниту за зеленило.

Проблемот е што со таа градежна експанзија се нагрди општината и се создаде тоа чувство на пренатрупаност и хаотична состојба. Тука е и проблемот со пренатрупаните ДУПови кои исто така ги наследивме и ни исцрпуваат многу енергија за да најдеме начин како да го ревидираме тоа хаотично планирање.

Во исто време големите приливи на средства од таа градежна експанзија не се ефектуирани во изградба на инфраструктурата. Сега се соочуваме со пренатрупаност во некои делови, притисок врз старата и несоодветни доводни и одводни инсталации, прекопани улици и тротоари, парите од комуналии се потрошени, а наследивме дури и долгови. Дали некој се запрашува каде се потрошени сите тие пари?

Кисела Вода е општина на крајности, опфаќа дел кој гравитира кон централното градско јадро кој е урбанизиран од времето и делови кои се развивале без план и каде што недостасува основната инфраструктура и каде што никој досега не се заинтересирал да им обрне внимание. Големиот предизвик за изедначување на условите за живот во сите делови го решивме со обезбедени грантови а во иднина и неколку крупни проекти кои ги предвидовме и кои ќе ја вратат Кисела Вода на мапата на пожелни места за живеење вклучително и од еколошки аспект.

loading...

AnimeFreak: 801 T.T.S. Airbats anime episode 7 online free at https://animefreak.ws anime freaks

We Rent Tsukumogami (https://gogoanime.be/m/DDZZ) Episode 12

AnimeTV: The Good Witch Of The West anime episode 13 online free at https://animetv.cc online anime tv

Watch anime online for free at ANIMEFLIX mob psycho 100 animeflix

Forums asp: https://forums.asp.net/members/animefreakws.aspx

Buzzfeed: https://www.buzzfeed.com/gogoanimebe/