(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!

Тешко до решение со Бугарија пред декември, велат и Заев и Бучковски

Специјалниот претставник на Владата во преговорите со Бугарија вели и дека треба да бидеме подготвени на тоа дека бугарските црвени линии се тие и се добро познати
Тешко дека ќе се дојде до решение со Бугарија пред декември за да се одблокира почнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, е оценката со која денеска настапија премиерот Зоран Заев, на прес-конференција, но и специјалниот претставник на Владата во разговорите со Софија, Владо Бучковски, во интервју за „Гласот на Америка“.

Заев посочува дека, поради немањето политичка влада, надежта е дека ќе има шанса за напредок во спорот во декември, односно откако ќе се одржат и третите по ред парламентарни избори во Бугарија за оваа година.

„Датумот за одржување на третите во линија парламентарни избори во Бугарија е 14 ноември. Имајќи ги предвид нивните уставни рокови од 15 дена за добивање мандат, останува нашата надеж дека ќе формираат политичка влада за да можеме крајот на декември, кога ќе се одржи и Советот на министри, а и Европскиот совет, да се донесе одлуката за време на словенечкото претседателство. По последното разочарување, јас најавив дека очекуваме во декември, затоа што нелогично е да се креваат очекувањата за септември, октомври или ноември. Декември е крајот на претседавањето на секоја земја, тогаш се одржуваат и состаноците. Таквите седници се на Општиот совет или Советот на министри и Советот на ЕУ и јас верувам дека можеме да се надеваме до крајот на оваа 2021 година, т.е. до крајот на декември да се донесе позитивна одлука, секако во зависност од позитивниот развој на настаните пред се во Бугарија“, изјави Заев.

Тој на Бледскиот самит разговарал со бугарскиот претседател Радев, за кој вели оти се надева дека Бугарија конечно ќе успее да формира политичка влада. Заев вели дека лично верува оти и Радев може да покаже европско лидерство.

„Лично верувам многу и во чекорите на европското лидерство, кои можат да бидат покажани од страна на претседателот Радев, од страна на другите политички субјекти. Не треба некоја посебна формализација на одлуките, знаејќи што ни е преземено како обврска, знаејќи го патоказот дека Договорот за добрососедство и соработка е и во наша полза, не само во полза на Бугарија. Сите заедно со определбата можеме да кажеме дека Бугарија може да донесе позитивна одлука и да даде шанса на понатамошно имплементирање и на Договорот и на патоказот“, рече Заев откако потсети дека за време на неговата посета на Бугарија во јуни биле адресирани сите важни прашања, бил создаден патоказот и со нота било потврдено дека краткото е исто како и долгото име и оти нема да има мешање во внатрешните работи.

И специјалниот претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, во денешното интервју за Гласот на Америка вели дека не може да се очекува брзо решение на проблемот со Софија.

„За жал, таму се продлабочи политичка криза и не се успеа да се формира влада и по повторените избори кои беа на 11 јули. Очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада. Тоа значи дека во ноември ќе има и претседателски избори кои се редовни и овие трети избори кои се повторени. Тоа значи дека до крајот на ноември, почетокот на декември, ќе немаме од другата страна соговорник. Оној обид кој го правеше нашата влада, на оние средби во јуни, кога нашата делегација, која ја предводеше премиерот Заев, покажа дека службената влада, не е подготвена да влезе во разрешување на спорот кој постои помеѓу Скопје и Софија. Така што ќе мора да чекаме до декември. Од друга страна треба да продолжи соработката во оние области каде нема никакви проблеми. Пред сè, во сферата на образованието, културата, соработката на медиумите. Но директно и кусо да одговорам дали нешто може да очекуваме брзо, очигледно не, затоа што во Бугарија за жал се продлабочува политичката криза“, вели Бучковски во интервјуто за „Гласот на Америка“.

Тој вели и дека треба да бидеме подготвени на тоа дека бугарските црвени линии се тие и се добро познати, потсетувајќи оти и лидерот на партијата што освои најмногу гласови „Има таков народ“, Слави Трифонов, во последното интервју потврди дека нема да има промени во позициите на евентуална влада предводена од неговата партија.

loading...

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao: Sekiei Ayakashi Mangatan anime episode 3 online free at https://animedao.nl fruits basket animedao

Watch anime online for free at WCOStream free anime

Blogger: https://www.blogger.com/profile/06446856437789664718

Community windy: https://community.windy.com/user/gogoanimelol