Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

Тешко е да ја нарекуваш Бугарија пријател, вели Димитров

За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. На претходните самити – оној во Загреб и тој во Софија – се зборуваше само за европската перспектива. Во таа смисла, сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција. Веројатно, најголемиот пресврт за враќање на патот, ќе биде почеток на пристапните преговори со мојата земја, Северна Македонија и со Албанија, изјави во интервјуто за Би-би-си вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, оценувајќи го неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија.

Прашан за блокадата од Бугарија, Димитров рече дека прашањето за јазикот е прашање за луѓето во земјата, не е прашање за друга земја.

„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик – за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик, ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи – ние владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји“, рече Димитров и додаде дека Бугарија прави многу да не ги гледаме како пријатели.

„Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија – нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели. Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско“.

На прашањето дека сепак и други земји членки на ЕУ, како Франција или Холандија, стравуваат дека Македонија не е подготвена да се приклучи, дека има уште многу работи за да се исполнат европските критериуми во области како правото, на пример, Димитров вели дека ЕУ е погодена од голем број последователни кризи. „Прашањето на тие лидери е легитимно. Нивното прашање е: овие нови шест земји, дали ќе донесат повеќе проблеми или ќе донесат повеќе решенија? Другата перспектива е, ова е регион опкружен со земји членки. Ние сме во ист брод во економска смисла. ¾ од трговијата на регионот е со Европа, ¾ од странските директни инвестиции што доаѓаат во регионот се од земјите членки на ЕУ. Мигрантската криза преку балканската рута покажа колку нашиот регион е од клучно значење за безбедноста на самата Европа. Значи, ако Европа е куќа, а Западен Балкан е просторија која не е дел од куќниот ред, која не е вклучена во системот на електрична енергија, снабдување со вода, клима уред итн. Тоа не е добро за самата просторија, но исто така не е добро и за целата куќа“.

loading...

nổ hũ go88 cách tải go88 cho iphone play go88 cc

sunwin là gì where can i buy sunwink sunwin games