Очекувајте овие денови ткн независни медиуми да објават дека Теута била одбиена за амбасадор и од Париз, Берлин, Лондон, Могадишу, Каиро, Пекинг, Токио и Њу Делхи.
Што ли нема ново да се изнаслушаме за Теута Арифи. Ни се повторува случајот со хистеријата за Фрчко но сега во албанскиот блок.
Зошто е оваа паника и црна хајка против Теута? Затоа што и таа како Фрчко симболизира се што е напредно интелектуално либерално и про западно ама во албанскиот блок плус е долги години во високата политика и јавен живот и тоа ги вади од такт небањатите.
Со нападот кон Теута се врши напад кон ДУИ но и кон Албанците како народ затоа што е нападнат симболот на албанската учена про западна жена, се напаѓа албанската елита во обид да се избрише под со неа.
Небањатите прават многу храбар и амбициозен опфат, исто како и со Фрчко, сакаат да ја прикажат Теута дека не е подобрна на Запад?!?!?! Тоа е како да кажеш дека Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал, или дека Калиопи не знае да пее или дека Мајкл Џордан не знае да игра кошарка, значи се оди со драстичен пр напад кој на прва нема никаква логика, но толку е тоа храбро и шокантно што има за цел да ја наруши сликата за целата партија ДУИ и за целата албанска етничка заедница односно народ албански во Македонија дека ете дури и оние кои ги сметаме за интелектуалци се уствари кримоси, некакви шејди ликови, УДБА шпиони, фарса, измама итн итн…
Многу интересен координиран напад врзан со медиуми блиски до ВМРО, акција на социјални мрежи, акција партиска со пресови, ваквите оркестрирани ХАРАНГИ потсетуваат на финтите на Илче Гебелс и Антоњо и се такво моќно потсетување дека Груевизмот царува во белата палата…
Замислете и се зема за грев тоа што била одбиена во Анкара затоа што се сретнала со менаџментот на колеџот Јахја Кемал за кој автократската власт во Турција ја смета за терористичка ќелија само затоа што некогаш пред 20 години колеџот бил формиран од невладина органиација на некој лик кој ја критикува власта на Ердоган?!?! И тоа треба да е некаков минус на биографијата на Теута Арифи?!?!
Какви луди тези на ВМРОВЦИТЕ, како тргнале за минус ќе се смета секој оној кој покажал пркос пред Ердоган, Орбан, Путин такви лудаци се дечките од ВМРО ДПМНЕ.
Зошто е одбрана токму Теута? Затоа што таа нема скандали а е 20 години во високата политика. За Али АХмети и останатите можеа да кажат дека еве тоа се команданти, дилери, мафијаши симнати од планина, но како таа нарација да ја дадеш за универзитетска професорка?!?! Затоа мораше да се бара начин да се оцрни жената и еве, наводно била одбиена за амбасадор што алудира дека она има некакви тајни мрачни, жената е нешто лошо, црно, опасно, класична АД ХОМИНЕМ ЛИНЧ МАСАКАР ХАЈКА нарачана од ВМРО ДПМНЕ и АА. Пактот Мицко – Таравари лом прави во политичкото подземје во земјава.