БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

ТЕЗАТА ДЕКА ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ СЕ ЗБОГАТИЛ СО ТОА ШТО КРАДЕЛ ПО 2-3 КВАДРАТИ ОД СВОИТЕ КЛИЕНТИ МИ Е МНОГУ СМЕШНА

Пишува Саше Ивановски Политико

Само некој што не се разбира во бизнис може да излезе со теза дека некој мулти милионер се збогатил со тоа што крадел од своите клиенти и тоа по 2-3 квадрата од станови по 70 квадрата… Колку може така да се украде, 50 000 од една зграда а профитот од истата е 1 милион евра?!?! Вреди ли за 50 000е да си ја загрозуваш иднината на фирмата која прави профити од неколку милиона евра годишно?!?! Па тоа е сулуда теза…

За да го направиш тоа треба да си луд, а Ванчо Чифлиганец професор на факултет и еден од 10-те најбогати луѓе во земјава не е луд, туку е многу интелигентен со силен сенс за здрав разум и сигурно не би направил такво нешто за да си ја уништи фирмата…

Сите знаат дека основата на секој успешен бизнис е клиентите да бидат среќни од она што го добиле како услуга или производ и за тоа да зборуваат од уста на уста за бизнисот да се шири и да опстои долги години.

Адора Инженеринг постои безмалку 20 години и сигурен сум дека ќе постои уште десетици години во иднината затоа што Ванчо веќе има поставено наследници во фирмата, своите син и ќерка успешно менаџираат со фирмата веќе неколку години.

Ако некој мисли дека тој го стекнал своето богатство овие 20 години крадејќи квадрати од своите клиенти тогаш тој нема поим од бизнис логика. Ванчо се збогати со правење квалитетни убави станови на убави локации и затоа клиентите се тепаат за неговите станови ги купуваат уште пред да бидат изградени.

Она што колегите новинари од ИРЛ не го открија а што јас сум жив сведок е дека Адора Инженеринг е најдобар работодавец во градежната индустрија, работниците се тепаат фаќаат врски за да се вработат кај него затоа што дели највисоки плати, никогаш не доцни со платите, сите се осигурани, работниците добиваат топол оброк и оние што се од внатрешноста се сместени во негови капацитети без трошок на вработените па затоа тие се тепаат да работат кај него, добро заработуваат а речиси немаат никакви трошоци за престој во Скопје…

За хуманитарната активност на Чифлиганец па ич да не зборувам, ако е човекот толку болно алчен и скржав зошто би дал 5 милиона евра донации на сите што го знаат и што не го знаат во земјава?!?!

Човекот нема украдено милиони евра на некој наместен тендер, туку на аукција си купил земја платил комуналии од кои многу општини изградиле улици и градинкии школи, направил квалитетни станови, поделил на сите плати, клиентите задоволни од квалитетот, на тие што им било згрешено со квадратура им вратил пари без никаков проблем, и ние тој таков човек го распнуваме на крст како некаков водач на мексички нарко картел?!?!

Во ред е да се бркаат криминалци, но овој пат непотребо удараме таму каде што нема потреба, човекот е вреден и интелигентен, знае како да изгради згради и да направи профит и тоа е двигателот на секое пазарно општество, нема што да му се лутиме или да го мразиме или да му завидуваме, туку треба да му се поклониме, тие успешни луѓе делат плати, плаќаат даноци, ствараат нешто конкретно, во случајот домови за семејства каде ќе се раѓаат и одгледуваат дечиња, плус дели хуманитарни донации и помага на сите, значи човек за респект и почит и поклон, затоа го ценам па дури и човекот да ви кажам искрено ми е идол, би сакал некогаш да го достигнам неговиот успех се надевам не е доцна за тоа…

И да, Ванчо важи за строг човек, и оние кои соработувале со него ќе ви кажат дека бара од сите квалитет, многу работа, кога треба да се набави материјал се ценка до последното евро, но тоа може да му го замерите само ако не се разбирате во бизнис, единствен начин како да бидете успешни е ако од сите барате максимум ако сте строг и ако не дозволувате да ве ограбат со лоши материјали лоша услуга тогаш тоа ќе се одрази и врз квалитетот на зградите. А Ванчо даваше пример за сите, малкумина знаат дека тој е прв на објект пред сите вработени, доаѓа сам во чизми и шлем уште во 5 и 30 уште додека не е разденето и стои до објектот и ги пречекува сите работници и им дава до знаење дека тој е тука со нив од утро до мрак и дека нема да ги тргне очите од тоа како се гради и кој забушава и не работи, затоа му се објектите најбрзо изградении и со најдобра статика изолација акустика изглед квалитет на изработка естетика итн итн…

Но ете дури и на него му се случило грешка, да му промакне некој премер на неколку станови, колегите мислат дека бројката од 50 станови е многу, но тој изградил над 2000 станови, процентуално тоа е сепак 1-2 проценти грешка…

п.с Нека не ми се лутат колегите од ИРЛ, нека дозволат да имаме различно мислење, се уште мислам дека нивниот проект е многу квалитетен и дека на долги стази многу е корисен за земјава. Некогаш ќе има вакво промашување ама тоа е нормално, нема совршени луѓе, кој работи тој и греши.

loading...

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch One Piece x Nissin Cup Noodles Episode 4

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Happiness Charge Precure! (https://4anime.biz/m/kEd) Episode 49

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Ryo Episode Full