Тито Петковски: За локалните избори отворени сме за непартиски кандидати за градоначалници и советници

Во пресрет на локалните избори НСДП се отвора и кон граѓаните кои немаат партиски афинитети и се насочува кон мобилизирање на сите граѓани кои имаат идеи за унапредување на квалитетот на животот во општините, рече претседателот на НСДП Тито Петковски на средба во Тетово со претседателите на општинските организации на партијата од шестата изборна единица.

– Да дадеме можност и на оние кои не се партиски определени, на тој начин не само што граѓаните ќе имаат шанса да гласаат за градоначалници или членови на советите кои имаат квалитетни програми, туку ќе се надмине и уште една лоша пракса во раководењето на општините, односно ќе се направи директен политички исчекор кон дискредитирање на мерит системот на локално ниво врз основа на етничка припадност. Водењето на кадровска политика по основ на селективна етничка фаворизација го отежнува пристапот до локалните институции на поединците кои не гравитираат кон етнички профилирани политичка партии – рече Петковски.

Претседателот на НСДП пред сопартијците порача дека давањето шанса на неопределените политички да ги артикулираат своите идеи, знаење и визии, ќе ја релативизира етничката и чисто партиската призма низ која партиите, а и граѓаните, гледаат на локалните избори.

game sunwin sunwin club tải sunwin apk

sunwin

sunwin

sun win

sun win