Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

ТОА Е ТОА СВЕТСКО МЕНАЏИРАЊЕ КОЕ ВИЕ НЕ ГО РАЗБИРАТЕ: АРСОВСКА ГО СУБВЕНЦИОНИРА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СО 80.000 ЕВРА ПОРАДИ ПОТЕШКОТИИ ВО РАБОТЕЊЕТО, А ЌЕ ЈА НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ПАРКИРАЊЕ

Град Скопје ќе даде 5 милиони денари (81.000 евра) субвенции на ЈП „Градски паркинг“ поради потешкотии во работењето. Иако претпријатието има потешкотии во работењето и затоа се дава помош од буџетот на Градот, градоначалничката Данела Арсовска најавува намалување на цената за паркирање за 25 отсто.

Одлуката за субвенционирање треба да се донесе на наредната седница на Советот на Град Скопје која ќе се одржи в четврток. Субвенциите, како што се вели во образложението на градоначалничката Арсовска, се со цел претпријатието да се консолидира.

„Со цел подобрување на квалитетот при организирање на статичкиот сообраќај на територијата на градот Скопје, во буџетот на Град Скопје за 2022 година се предвидени 5 милиони денари за потешкотии во работењето. Субвенционирањето е со цел претпријатието финансиски да се консолидира, а со цел да ја подобри ликвидноста. Субвенционирањето на јавните претпријатија кои ги опслужуваат урбаните средини е пракса која постои во речиси сите градови во Европа, а ваквата пракса овозможува јавните претпријатија да го задржат нивото и квалитетот на услуги“, се вели во образложението на Град Скопје.

Во декември, градоначалничката Арсовска достави допис до раководството на претпријатието да се изготви нов ценовник со намалување за 25 отсто на цените за паркирање. Како што стои во дописот, намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг. Ценовникот со намалени цени за 10 денари сè уште не е усвоен на седница на Советот, но треба да биде на дневен ред во наредниот период.

Градоначалничката Данела Арсовска на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК како со мерката за намалување на цената на паркирање ќе го дестимулира користењето автомобили и ќе го намали хаосот во центарот на градот, вели дека цената не менува дали некој ќе користи паркинг.

„Дали видовте досега дека тие луѓе кои користат паркинг, ќе користат и понатаму, но тоа не значи дека треба да плаќаат драстично поголема цена за паркинг. Хаосот со паркирани коли ќе се реши кога ќе обезбедите доволен број паркиралишта и нема да се дозволи да се градат објекти кои немаат соодветен паркинг“, рече Арсовска.

ЈП „Градски паркинг“ во декември 2020 ја зголеми цената на паркирање за 5 денари. Тогаш од претпријатието објаснија дека новите цени се поради зголемените трошоци за одржување на паркинзите и катните гаражи со кои стопанисуваат.

loading...

md5 go88 bầu cua go88 đăng nhập go88 trên web

sunwin pro plus kang seok sunwin international đánh bài đổi thưởng sunwin