БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ЗА ДА ГО РАЗБЕРАМ ШТРАЈКОТ НА СОНК ГО ПОСЕТИВ УЧИЛИШТЕТО КАДЕ УЧЕВ КАКО ТИНЕЈЏЕР ПРЕД 40 ГОДИНИ, ДОЗНАВ ДЕКА НЕ ШТРАЈКУВААТ ЗА ПЛАТИ, ТУКУ ПРОБЛЕМОТ Е ВО НЕШТО ДРУГО

Ве вика шефот и во љубезен разговор со кафе ви соопштува дека платата ви се зголемува за 5%. Излегувате со насмевка на лицето и во ходникот среќавате колега кој ја забележува вашата среќа. Ве прашува дали и вие сте среќни од покачувањето на платата од 10%? Ја снемува насмевката од вашето лице. Природно, чувството на задоволство преминува во гнев.

Зошто штрајкуваат наставниците веќе цела недела? Одговорот е едноставен – не се задоволни! Ваквото чувство го споделуваат огромниот број наставници. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) известува дека штрајкот е поддржан од речиси сите над 600 нивни синдикални организации. Прекинот на наставата и згрижувањето на децата во учлилиштата и детските градинки не е едноставна работа и има далекусежни последици за повеќе засегнати страни, а најмногу за самите ученици и нивните родители. Да не е целосната поддршка што на очиглед на целокупната јавност ја ужива СОНК кај своето членство за актуелниот штрајк, веројатно до сега ќе вродеа со плод притисоците на кои се перманентно изложени штрајкувачите за прекин на штрајкот.

Од што се незадоволни штрајкувачите и зошто? Тука одговорот е значително посложен. Надлежните институции (Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Владата), како и поголем дел од јавноста веруваат дека штрајкот на просветарите е за повисоки плати. Малкумина во изјавите на претставници на штрајкувачите забележаа дека тие првенствено штрајкуваат за подобар општествен статус, а не за повисоки плати. Ова, за жал не можат да го разберат надлежните ресорни министри кои презентираат податоци дека платите на просветарите во изминатите 4-5 години веќе се зголемиле за над 20%. Прашуваат што повеќе сакаат овие луѓе, и тоа во услови на криза.

Ќе се обидам да дадам објаснување на овој своевиден парадокс. Првото објаснување е анегдотско, од лично искуство, и според тоа далеку од научно. Второто се темели врз интензивни истражувања во областа на науката за причините на чувството на среќа, т.е. за задоволството од животот кај луѓето во изминативе две-три децении.

На почетокот од минатото лето, по многу, многу години, го посетив средното училиште каде што учев и го завршив во далечната 1979 година. Бев почестен со кафе од директорот и запознав неколку наставници. Споредбата со моите наставници од времето кога бев ученик во истото училиште, на кои добро се сеќавам, беше неизбежна – од изгледот, стилот и начинот на облекување и однесување, а сé заедно, од нивниот статус во средината во која живеат и ги извршуваат работните обврски. Моите некогашни средношколски наставници своевремено го претставуваа интелектуалниот и граѓански крем во релативно малата провинциска средина. Тие беа неприкосновени авторитети и морален стожер во градот. Веројатно беа релативно добро платени и задоволни. Нивните наследници денес ни оддалеку не го уживаат општествениот статус и углед на претходниците од втората половина на 70-тите години од минатиот век. Затоа се можеби длабоко фрустрирани и незадоволни.

Спомнавме претходно дека платите на вработените во образовните институции и установите за згрижување на деца во последниве неколку години се зголемиле дури и над кумулативниот пораст на општото ниво на цените, што значи дека забележале и реален пораст, барем до пред некој месец, кога настапи наглиот раст на цените во земјава. Науката нуди емпириски докази дека сите ние од аспект на висината на нашиот доход, а поврзано со тоа и чувството на среќа, се врзуваме за некоја референтна точка околу висината на доход со која се споредуваме. Тоа се најчесто луѓето од нашата средина со слични квалификации и аспирации. Битно ни е и нашето место во општествената хиерархија и можностите за искористување на нашите потенцијали за напредок во таа хиерархија. Со зголемување на доходите врз широка основа, при што не се нарушуваат претходно воспоставените релативни односи, се зголемува нашето чувство на задоволство, но само привремено. Многу брзо се привикнуваме на зголемениот доход и со оглед на непроменетите релативни односи со луѓето кои се спордуваме, нештата се враќаат на старо.

Нашите очекувања и ставот кон сопственото задоволство го приспособуваме кон она со што располагаат другите околу нас. Имаме една замислена претстава за тоа каде ни е местото во средината и постојано се споредуваме со другите. Зголемувањето на нашиот доход во услови кога другите стагнираат нè прави посреќни и обратно. Посреќни сме кога се зголемува само нашиот доход, отколку кога пропорционално добиваат и оние со кои се споредуваме. Запрашани да одберат меѓу две алтернативи: а) вие добивате 50.000 долари, а другите двојно помалку; и б) вие добивате 100.000 долари, а другите двојно повеќе, мнозинството од испитаниците, постдипломци на универзитетот Харвард во САД, се определиле за првата.

Нека секој од нас си замисли ваква ситуација: ве вика шефот и во љубезен разговор со кафе ви соопштува дека платата ви се зголемува за 5%. Излегувате со насмевка на лицето и во ходникот среќавате колега кој ја забележува вашата среќа. Ве прашува дали и вие сте среќни од покачувањето на платата од 10%? Ја снемува насмевката од вашето лице. Природно, чувството на задоволство преминува во гнев.

Една од референтните точки за наставниците околу висината на нивните плати беше најниската плата утврдена претходно во колективните договори, а од 2012 година и со Закон за минимална плата. Според овие договори, платата на наставник треба да е во износ на околу 2,5 минимални плати. Со агресивното зголемување единствено на минималната плата се нарушија односите во платите на пазарот на труд, а наставниците, како и многу други професии, изгубија една од референтните точки за нивниот статус во општеството. Тоа ги прави несреќни и понижени. Затоа штрајкуваат! За статус, а не за повисоки плати.

loading...

go88 ở đâu

chơi game sunwin trực tuyến sunwin lừa đảo SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu